Достапни линкови

Дипломатски извори во Букурешт очекуваат грчко вето, македонските аналитичари оптимисти


Големи се шансите Грција да стави вето на нашата покана за членство во НАТО прогнозираат претпладнево македонски дипломатски извори кои се присутни на самитот во Букурешт. Но сепак и покрај овие помалку оптимистички очекувања дипломатските извори велат дека според некои експерти присутни таму иако Грците имаат задача да бидат тврди до крај можно Карманлис да има мандат и од опозицијата сам да донесе одлука во последен момент зависно од развојот на настаните. Во нашите дипломастки кругови тоа се толкува дека Атина под притиоск на другите сојузници ке прифати земјава да добие покана под рефернцата БЈРМ односно проблемот со името да се реши подоцна до ратификацијата во грчкиот парламент. За разлика од овие воздржани очекувања на македонските димпломатски кругови во Букурешт, очекувањата во Скопје се по оптимистички. Според поранешниот премиер Владо Бучковски во чиј мандат почна иницијативата за формирање на Јадранската група која очекува покана на овој самит сеуште има шанси за Македонија но се бара формата со која тоа ке биде направено. Она што доплнително ја комплицицира состојбата додова Бучковски е писмото кое синока го испрати Карамнлис до другите членки на алијанста

„Дали единствената можна формула во овој момент, користењето на времената спогодба и давање на дополнителен рок на Република Македонија до октомври, ќе треба да се процени дури вечерва, кога на маргините на вечерата, на неформалната средба ќе се обидат во последен момент, спонзорите, односно Американците да изнајдат формулација со која би успеале Република Македонија буквално да се протне низ иглени уши.“

И поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле со оптимистчки очекувања. Според него Грција се наоѓа под силен притисок од земјите членки на НАТО. Задачата на македонската делегација во Букурешт вели Чашуле е да лобира до последен момент:

„Ние сега треба да одиме и да објаснуваме дека ние сме подготвени на компромис, во смисла на тоа дека сакаме да се смени референцата, врз основа на тој компромис, ќе продолжиме со Грција да градиме добрососедски односи, афирмираме постојано дека ние градиме добрососедски односи со Грција.“

Во меѓувреме претседателот Црвенсковски , премиерот Груевски и другите членови на македонската делегација имаат серија неформални средби. Груевски ке се сретне со делегациите на Словенија , Велика Британија и Италија а министерот за одбрана Еленовски вечер ќе се сретне со неговиот канадски колега Питер Меккеј.
XS
SM
MD
LG