Достапни линкови

Нов обид од образованието да се направи висока политика, оценуваат експертите


Некој повторно се обидува од образованието да направи висока политика, реагираат експертите на најновите најави да се отворат нови паралелки на албански јазик во неколку градови во Западна македонија. Меѓу нив Битола, Охрид, Прилеп, Крушево каде што локалната самоуправа и училиштата велат дека од тоа нема потреба и тоа не е побарано од министерството за образование.

„Во прилепска општина има вкупно 20 Албанци. Нема барање да има таква паралелка,“

вели директорот на прилепската гимназија Ристо Бојкоски во која со новиот конкурс кој министеерството го објави на 28 март, само два дена по веќе објавениот во кој новите паралелки не се предвидени, најавено е отварање едно одделение за настава на албански јазик. Во оваа гимназија, како што вели тој, учеле само две деца од албанска националност. Минситерството го тврди спротивното наведувајќи доволно бројки на ученици од албанска националност кои зборуваат за потребата да се отворат сите новонајавени 20-тина паралелки. Локалната самоуправа и училиштата испратија дописи до минситерството, реакции ќе има, сосотојбата во образованието повторно ќе се бранува. Коренот лежи во крајно исполитизараното општество, велат експертите.

Преку образованието политичарите најлесно се претвораат во некакви национални вождови, коментира аналитичарот Алберт Муслиу.

„Најлесно им е тука, на некој чуден начин се ставаат во одбрана на својата национална кауза и тогаш објеткивно другата страна реагира на тоа и проблемот се продлабочува и имаме национален проблем.“

Меѓурелигиозните тензии на ниво на опбразовниот прпцес не се реткост во Македонија што само потврдува дека оваа сфера е најлесна за манипулација од страна на политчарите, образложува социологот Ѓорѓи Тоновски.

„Заради нивната младост што претпоставува и емоции и непромисленост во потезите и второ заради чувствителноста на родителите кон нив.“

Оттука аналитичарот Муслиу препорачува поголема одговорност од страна на политичарите особено во сферата на вака осетливите теми.

„Јас мислам дека најубаво решение е ова да не се решава преку медиуми туку со внатрешна комуникација и да остават самиот пазар, односно реалност тоа да го реши,“

додава Муслиу, зошто како што смета професорот Тоновски, од ваквите случувања секако ќе останат некои идеи во главите на учениците како негативни последици од сите овие настани.
XS
SM
MD
LG