Достапни линкови

Исклучително стара дебата за името Македонија може да го запре придружувањето на Македонија


И додека НАТО ги подготвува своите операции за дваесет и првиот век, исклучително стара дебата за името Македонија, поврзана со Александар Велики може да го запре придружувањето на Македонија во НАТО, оценуваат светските агенции пред самитот на Алијансата во Букурешт каде што шеесет шефови на држави и влади ќе расправаат, меѓу другото, и за проширувањето на НАТО. Сојузниците, како што се додава, се повеќе се поделени и околу давањето можност на уште две земји, Украина и Грузија, да се надеваат да станат членки на НАТО.

Американскиот претседател Џорџ Буш уште пред самитот на најголемиот светски воен сојуз што почнува задутре во Букурешт ги информира сојузниците дека тој е за проширување на Алијансата со Македонија, Албанија и Хрватска и за натамошно приближување на Украина и Грузија. Но, со уште околу девет месеци колку што му остануваат во Белата Куќа, неговата способност да ги убеди европските лидери ги покажува истите проблеми што Буш ги има со американските конгресмени кои веќе ја очекуваат идната администрација. Европските лидери, како што се наведува, знаат дека новата пост Буш администрација би можела да го смени курсот на визијата за НАТО и чувствуваат дека некои клучни одлуки, вклучувајќи ги и оние за Украина и Грузија, да бидат ставени настрана се додека Буш не си замине од функцијата во јануари догодина. ,,Мислам дека овој самит на НАТО во основа е ,,Збогум Џорџ Буш,, самит,, вели за Асошиетед прес, Дениел Хемилтон, директор на Центарот за трансатлантски односи. Некои НАТО сојузници сакаат да ги одбегнат натамошните тензии со Русија, барем до транзицијата на власта во Кремљ. Имено Путин кој ќе учествува на собирот во Букурешт, во мај заминува од претседателската функција. Германската канцеларка Ангела Меркел веќе упати сигнал на несогласување со Буш. НАТО е консензус организација и едно германско вето против Украина и Грузија изгледа дека ќе биде поддржано од другите европски земји. На самитот Буш би можело да види дека неговата цел, членството на Македонија, Албанија и Хрватска делумно да биде осуетена. Грција најавува вето за Македонија ако не си го смени името. Американската администрација пак аргументира дека трите балкански земји би требало да бидат прифатени наеднаш. Доколку Македонија биде блокирана, некои посматрачи веруваат дека и на Албанија, чија апликација е послаба од хрватската, би можело да и биде кажано да ги интензивира реформите пред да му се приклучи на НАТО. Администрацијата на Буш се уште се надева дека би можело Македонија и Грција да постигнат напредок во последен момент. Но, досегашните обиди да се разубеди Грција во ставањето вето не покажуваат знаци на успех, наведуваат странските агенции кои притоа цитираат еден неименуван европски дипломат кој вели:,,Грција мисли дека веќе е прекасно да се најде решение пред самитот на НАТО,,.
XS
SM
MD
LG