Достапни линкови

Годинава ќе биде решавачка за Западниот Балкан, изјави Оли Рен


Министрите за надворешни работи на Европската Унија, на неформалниот состанок на Брдо кај Крањ, денеска, меѓу другото, расправаат за начините за поблиски врски со земјите од Западен Балкан. Комесарот за проширување, Оли Рен изјави дека ќе ги презентира мерките и стратегијата за Западен Балкан, усвоени од страна на Европската Комисија. Ова ќе биде решавачка година за Западниот Балкан, истакна Оли Рен

„Постои општа стабилност и сигурен, иако променлив, прогрес на западниот Балкан, но сеуште постојат големи ризици кои можат да донесат дестабилизација. Ако ги надминеме тие ризици, регионот има светла иднина и иднина во Европската Унија.“

Изјави Рен, изразувајки убеденост дека годинава ќе има напредок во процесот на евро-интеграција на Западен Балкан. Во врска со Македонија, Рен истакна дека земјата е во позиција набргу да ја демонстрира подготвеноста за започнување на преговорите за членство. Се надевам дека ќе бидам во можност, во ноември, тоа и да го предложам во мојот извештај за прогресот, изјави комесарот за проширување Оли Рен. Меѓутоа, тој додаде дека е јасно оти секоја клучна одлука на Европската Унија се носи во согласност со сите земји членки, изразувајки надеж дека спорот со Грција за името ќе биде решен наскоро. Ставот на сите шефови на диплматиите на Европската Унија е дека иднината на Западен Балкан е во Унијата, но дополнителни тешкотии се појавија поради неединствениот став на земјите членки во врска со признавањето на Косово. Изутрината, на работниот појадок, учествуваше и шефот на српската дипломатија Вук Јеремиќ, со што е скршен мразот во односите на Унијата со Србија. Но, Јеремиќ, не остана на состанокот со останатите претставници на земјите од Западен Балкан, за да го избегне седнувањето на иста маса со кососвкиот премиер Хашим Тачи.
XS
SM
MD
LG