Достапни линкови

Ниската даночна стапка ја намалува даночната евазија, оценка на експертите


Од наплатата на даночните приходи во првите два месеци од ова година остварен е вкупен даночен приход од околу 10 милијарди денари информираат од Управата за јавни приходи.

„Во овие два месеци од почетокот на годината, е поголем за 14,8 насто во однос на планираното за овие два месеци, како и исто така е поголем за 21,2 насто во однос на оствареното лани, значи за првите два месеци лани,“

вели портпаролот на УЈП Весна Новаковик и додава дека сеуште е рано да се направат проценки на што се должи ова зголемување на наплатата.

„Со анализи во делот на наплатата УЈП најчесто излегува после првите три месеци, за да можеме да кажеме на што се должи зголемената наплата.“

За економистите една од причините за зголемување на наплатата на даноците од страна на даночните обврзници е воведувањето на пониски даноци.

„Пониска даночна стапка се одразува позитивно во номинално собраната сума на даноци на ниво на држава. Значи, го губат интересот даночните обврзници да прават евазија, да ги шминкаат финансиските извештаи, значи на тој начин номинално се собира повеќе отколку ако правите згомување на даночните стапки.“

вели Професорот Зоран Ивановски и додава дека за да продолжи овој тренд,постојат неколку начина.Едниот според него е дисциплинирање на учесниците односно како што вели тој вршење на редовни контроли од страна на инспекцијата и казнување или пак со едукација и промена на карактерот на луѓето.

„Прашањето на даночната евазија е карактеристично за балканските земји, каде што евазијата е традиционална работа. На запад, евазијата е надмината, затоа што се работи со децении стекнато искуство кај луѓето дека плаќањето на данок е задоволство и престиж.“

Имено минатата година даночните приходи биле зголемени за 16,3 проценти во однос на 2006 та година.
XS
SM
MD
LG