На дневниот ред на самитот на НАТО во Букурешт ќе биде и проширувањето на Алијансата и јас силен поддржувач таму да биде донесено вистинското решение за Хрватска, Албанија и Македонија, наведе американскиот претседател Џорџ Буш во интервјуата дадени пред неговото заминување на европската турнеја во рамките на која ќе ги посети Украина, Романија и Хрватска.
Би сакал сите три држави да му се придружат на НАТО, бидејќи мислам дека тоа е многу важно. Ќе видиме. Не сакам луѓето да помислат дека сигурно ќе добијат членство само затоа што тоа го рече Џорџ Буш. Тоа така не функционира.
Наведе тој во интервјуто за Хрватската телевизија, прецизирајќи дека одлуката ќе биде донесена од сите дваесет и шест земји членки на Алијансата. Тој сепак дополни дека Хрватска е во многу добра позиција, а што се однесува до Македонија и Албанија Буш вели:
Ги поддржувам и другите две држави и се надевам дека и моите колеги ќе го сторат истото.
Џорџ Буш оцени дека НАТО е позитивна сила која ги охрабрува реформите и модернизацијата. Во меѓувреме, на редовната прес конференција во Вашингтон, портпаролот на Стејт Департментот Шон Мекормак изјави дека медијаторот Метју Нимиц напорно работи на изнаоѓање решение за спорот со името меѓу Македонија и Грција.
Тој работи со добра волја и се надеваме дека и двете страни исто така со добра волја ќе работат со него и ќе се обидат да донесат решение на ова тешко и чувствително прашање.
Изјави Мекормак повторувајќи ја американската поддржка за процесот што го води Нимиц:
Целосно ги поддржуваме неговите напори и бараме од двете страни да дојдат до решение, заедничко прифатливо решение за прашањето за името.
Прецизира портпаролот на Стејт департментот Шон Мекормак на прес конференцијата во Вашингтон.