Достапни линкови

Најбезболно решение од сите досега предложени, велат експертите


Од сите досега предлози за името понудени во текот на преговорите што јавноста имаше можност да ги чуе, Република Македонија (Скопје) што воедно како што се јавува според информациите е последниот предлог од медијаторот Метју Нимиц, експертите главно го оценуваат како позитивен. Како што се јавува посредникот Нимиц предложил за внатрешна употреба задржување на уставното име Република Македонија на кирилично писмо, за меѓународна и билатерална употреба англиска верзија која би гласела ,,Republik of Macedonia (Skopje)“. На земјите кои што ја имаат признаено државава под Уставното име им се препорачува меѓународното име, но не се бара промена. Академик Блаже Ристовски за предлогот со мислење:

„Тоа е за нас од сите варијанти што ги предлагаа, најбезболно. Ако тоа Скопје е во загради, тоа значи идентификација – Скопје тоа значи Репбулика Македонија. Република Македонија тоа е таму каде што е Скопје престолнина.“

Изјавува академик Ристовски. Понатаму, според последните информации во предлогот на медијаторот Нимиц, двете земји Грција и Македонија имаат слободно право, без ексклузивитет да ја користат придавката македонски. Ова се смета за клучно во зачувањето на македонскиот идентитет, што претходно беше причина за негативни реакции во јавноста во поглед на името:

„Со гаранцијата дека Уставот не се менува, практично нашето зачленување во НАТО ќе значи крај на сите аспирации за отуѓување, ќе значи крај на сите обиди да ни се поништи идентитетот или тој да се претвори во нешто вештачко.“

Објаснува аналитичарот Слободан Чашуле. Објаснувајќи го од лингвистички апект последниот предлог на медијаторот Нимиц кој се посочува во јавноста, академик Катица Ќулавкова професор по македонски јазик вели:

„Она што јас мислам за тоа име Република Македонија (Скопје) тоа значи како да имате синоним. Синонимија значи две имиња за едно нешто. Скопје значи исто што и Република Македонија, значи како да имате две имиња во едно.“

Ќулавкова на став дека предлогот мора сепак да биде добро договорен:

„Нас Грција де факто не викаат ,,скопјани“ и ќе си продолжат и понатаму тоа да го практикуваат, така што мислам дека тоа треба убаво да се договори во преговорите.“

истакнува академик Ќулавкова.
XS
SM
MD
LG