Достапни линкови

Отворените прашања мора да се официјализираат, а не да лебдат во воздух, велат од ДУИ


Односите меѓу двете страни, признавањето на Косово од страна на Македонија и демаркација на границата, според најавите ќе бидат меѓу главните теми на денешниот состанок на косовскиот државен врв –претседателот Фатмир Сејдиу кој е иницијатор на средбата, премиерот Хашим Тачи и претседателот на косовското обрание Јакуп Красниќи со лидерите на албанските политички партии во Македонија. Имено, до состанокот доаѓа во време кога се лицитира со датумот на признавање на Косово од страна на државава. Деновиве косовскиот премиер Хашим Тачи изјави дека има потврда и го знае временскиот период кога Македонија ќе го признае Косово. Вчера во сеуште владеачката ДПА и ПДП најавија дека нема да присуствуваат на денешната средба во Приштина. Од ПДП соопштија дека причина е презафатеноста на лидерот на партијата, поради честите средби со премиерот Никола Груевски за решавање на политичката состојба во земјава. И лидерот на ДПА Мендух Тачи истакна дека нема да присуствува на состанокот, притоа потенцирјаќи дека прашањата за Косово се решаваат во Скопје:

„Многу поважни работи имам тука, овде се одвива еден процес. Реков дека признавањето на Косово треба да се случи во Скопје, а не во Приштина.“

Рече Тачи, кој додаде дека комисии од двете страни деновиве ќе почнат да работат на демаркацијата на границата. Во ДУИ пак чиј лидер Али Ахмети наспроти тактизирањата од ДПА и ПДП ќе учесувува на средбата со косовски власти, велат дека нема ништо лошо во разгледувањето на прашања што ги засегаат двете страни:

„Ќе треба да престои и на некој начин формализирање на односите околу тоа што значи признавање на Косово од страна на Македонија, за тие прашања да не останат неформални и само да лебдат во воздух.“

Истакнува членот на претседателството на ДУИ Азис Положани. Додека албанските политичари лицитираат околу датумот на признавање на Косово и демаркацијата на границата, во владата со официјален став:

„Очекуваме дека наскоро ќе отпочне процесот за формирање на комисија за демаркација на взаемната граница и дека секоја одлука што Македонија околу признавањето би ја донела, ќе се темели исклучиво врз интересот на нашите граѓани како и врз националните и државните интереси на Република Македонија.,,

Вели владиниот портпарол Ивица Боцевски.
Кризата во владината коалиција по најавата на ДПА за излегување од власта не е исклучено да биде разлгедана на денешната средба на Косово. Покана за учество е испратена и до лидерот на ДУА Бардуљ Махмути и како што се јавува, претседателот на НДП Хисни Шаќири.
XS
SM
MD
LG