Достапни линкови

Ја сакаме и Македонија ни е потребна во НАТО, изјави американскиот конгресмен Дејвид Прајс


Ја сакаме и Македонија ни треба во НАТО, ја повтори поддршката од Соединетите Држави американскиот конгресмен Дејвид Прајс предводник на делегацијата конгресмени од Претставничкиот дом кои се во неколкудневна посета на Македонија. Во врска со проблемите што државава ги има околу спорот со името со Грција и најавите за можно вето на нашата покана во НАТО, конгресменот Прајс за прашањеот за името вели:

„Ние немаме формален став, но ние многу сакаме Македонија да биде дел од НАТО и сакаме овој проблем да биде надминат. Во нашата држава, се дава целосна подршка за македонскиот демократски и економски развој. Ја делиме благодарноста за подршката од македонија во воените операции и ја сакаме и Македонија ни треба во НАТО. Македонија е сидрно за стабилност и демократија на Балканот и Балканот е секако регион кој е суштински за европските интеграции, и важноста на ова не треба да се потцени. Ние сакаме ова да се случи и да го подржиме на начин на кој што можеме.“

Рече конгресменот Прајс. Делегацијата американски конгресмени денеска се сретаа со премиерот Никола Груевски и со шефот на дипломатијата Антонио Милошоски. На средбата пак во министерството за одбрана со ресорниот министер Лазар Еленовски се разговарало за процесот на реформи во одбраната:

„Изразивме целносна подршка за македонската подготвеност за членството во НАТО. Дискутиравме за степенот на подготвеност и која би била нејзината улога во иднина. Се надеваме дека пречките ќе бидат надминати и дека членството во НАТО ќе биде реалност и за Македонија и за останатите земји, кои сакаат членство во Алијансата.“

Конгресменот Прајс кој воедно е претседател на Комисијата во Конгресот за помошт на демократии рече дека од особена важност на земјава, како и за секоја демократија во развој е да има законодавство кое одговара на интересите на општеството и истите да ги преточува во закони. А поддршката од Соединетите држави што директно при посета во Македонија ја истакнаа американските конгресмени, од Вашингтон ја повторија и четворица нивни колеги од Претставничкиот Дом кои со писмо упатено до останаите 435 конгресмени бараат поддршка за членството на Македонија во НАТО. Во врска со спорот со името, тие предупредуваат дека не треба да се дозволи Резолуцијата 356 усвоена во Претставничкиот дом со референцата ПЈРМ, како и грчкото проблематично докажување на фактите за регионалните амбиции на Македонија, да ја оддалечат државата од членстово во НАТО.
XS
SM
MD
LG