Достапни линкови

Од утре консултации на сите нивоа за заземање став пред следната рунда преговори


По вчерашните преговори за името во Виена меѓу македонскиот и грчкиот преговарач Никола Димитров и Адамантиос Василакис со посредникот Метју Нимиц, според првичните најави денеска, а и утре по враќањето на претседателот Бранко Црвенковски од Словенија ќе следат консултации на сите нивоа, како и во познатиот формат средба на шефот на државата, премиерот Никола Груевски, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и преговарачот Димитров.
За разлика од изјавата на Нимиц по средбата во Виена во која тој вели дека е поголем оптимист, има уште многу да се направи, но ова е прашање за кое има толку многу причини да се реши од аспект на двете земји и на регионот и толку многу ризици ако не се реши, генерално оценките во јавноста се дека има неповолен развој на преговорите за името.

Умерените сили сметаат дека Македонија се најде во ваква ситуација поради одбивањето и на предлозите Независна и Демократска од документот на Нимиц. Тие додаваат дека во државава мора да започнат разговори, бидејќи според нив сепак се остава простор за дебата и по идеите за кои е дискутирано во Виена. Велат има неприфатливи делови, но сериозна дебата не смее да изостане.

Премиерот Никола Груевски синока на прашањето за негов став за идеите што биле претставени во Виена со краток одговор дека неговиот став е јасен. Тој повекепати во јавноста повторува дека прифатлива за земјава е двојната формула.

Она за што станало збор се имиња Горна, Нова и Република Македонија, Скопје. Според медијаторот името што би се избрало од овие три би требало да се користи за меѓународна употреба, а уставното за Република Мкаедонија за домашна употреба. Во пакетот за кој се разговарало националната припадност на граѓаните на земјава се именува како македонска и јазикот што се зборува како македонски.
XS
SM
MD
LG