Достапни линкови

До Самитот на НАТО владата на Груевски ќе функционира како малцинска


До самитот на НАТО владата предводена од премиерот Никола Груевски ќе функционира како малцинска, ова е договорот кој произлезе од синокешната средба на лидерите и претсваниците на четирите најголеми партии.

„Владата на Република Македонија ќе продолжи да функционира како малцинска влада, со целосен капацитет во следниве две – три недели, до самитот во Букурешт. И цениме дека таквиот однос од Собранието ќе биде и демонстриран што ќе даде и добар капацитет за наше полноправно делување,“

изјави министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Потпреседателот на социјал демократскиот сојуз Јани Макрадули рече дека во селдниве неколку недедели тие ке бидат конструктивни и ке ја поддржат владата:

„Сметаме дека треба да и помогнеме на владата во овој момент да продолжи да се фокусира на приоритетот наречен НАТО. Во такви услови, ќе дадеме таква поддршка.“

Со таков став и од Демократаката Унија за интеграција

„Пред Македонија е важен, историски момент. До 3 април ни останува уште малку време, и сакаме сите политички чинители да бидат конструктивни и не по наша вина да извисиме,“

вели членот на партиското раководоство Џеват Адеми.

Тачи кој вчера пристуваше на средбата не даде изјава туку само повтори дека работите не се променети од седницата на центарлното собрание на ДПА кое ја подржи неговата одлука за излегување од владината коалиција.Доцна синока договорот за малцинска влада добил подршка и на седницата на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ- вели член на комитетот.

Ниту еден партиски преставник не сакаше да зборува за тоа што по самитот на НАТО се до неговото одржување. Политикологот Владимир Мисев директор на Институтот за демократија оценува дека решение за вакво функцинирање на владата која не може да носи крупни одлуки без консензус со опозиција, а пратениците ќе ја поддржуваат и нема да бараат оставка е најдобро во периодов.

„Владата ќе продолжи да ги извршува своите функции со министрите во оставка од ДПА. Тие прашања кои ДПА ги постави на дневен ред, не гледам дека ќе се затворат или ќе се интензивираат. Очекувам дека тие прашања ќе останат за решавање по самитот на НАТО.“

Инаку на средбата на која учествуваше и македонсикит преговарач во спорот со името со Грција Никола Димитров како што беше соопштено било разговарано и за македонските позиција пред новата рунда преговори. ќе се обидеме да најдеме начин кој нема да и наштети на Македонија ниту на НАТО во регионот, рече синоќа Милошоски.
XS
SM
MD
LG