Достапни линкови

Освен останатите забелешки и проблемот со името претставува опасност за влез во ЕУ, рече Рен


Осумте краткорочни критериуми кои Македонија треба да ги исполни за да добие датум за преговори со Европската Унија денеска на македонската влада и официјално ќе и ги соопшти еврокомесарот за проширување Оли Рен.
Политичкиот дијалог, имплементацијата на законот за полиција, борбата против корупцијата, судските реформи, намалувањето на невработеноста се дел од препораките на Унијата кои се бараат од земјава за да може до крајот на годината да и биде доделен датум за преговори за полноправно членство. Но, освен веќе познатите забелешки, Рен вчера предупреди дека и нерешеното прашање за името со Грција претставува реална опасност за влез на Македонија во Унијата.

„Искрено се надевам дека и двете земји земји и поранешна југословенска Република Македонија и Грција ќе го решат ова прашање бидејќи знам дека и Грција е посветена на европските аспирации на поранешна југоскловенска Република Македонија и ние сакаме да ја видиме земјата да се придвижи кон Унијата, но доколку не го решат ова прашање, иако е билатерално, ќе има негативни последици на преговорите за членство на Поранешна Југословенска Република Македонија.“

Сепак Рен порача дека во моменото најважно за земјава е да ги исполни критериумите кои од неа се бараат:

„ПЈРМ може да ја покаже својата подготвеност да почне со преговорите доколку со голема одлучност ги исполни клучните критериуми како што се судските реформи и реформите во администрацијата, спроведувањето на законот за полиција и борбата против корупцијата.“

Европската Комисија наесен треба да ја донесе одлуката дали Македонија е подготвена за датум за преговори. Вчера комисијата ја усвои стратегијата за Западен Балкан, во која меѓудругото се наведува дека реформите во Македонија се одвивале бавно во изминатите две години, но дека сепак се забележува извесен напредок во последно време.
XS
SM
MD
LG