Достапни линкови

Опозицијата посочува дека ВМРО ДПМНЕ избегнува дебати за евроатлантските интеграции и економијата


Измените на изборниот законик со кој една од нај битните промени е можноста на изборите да гласа и дијаспората, повторно се пред Собранието. Поднесувањето на изборниот закон од страна на владеачката ВМРО ДПМНЕ предизвика реакции од опозицијата која поднесе 1 700-тини амандмани. Оттаму обвинуваат дека додека во Собранието не се расправа за важни закони како оние од мајскиот договор, кои се битни за членството на Македонија во НАТО или пак за економски закони во услови на постојано покачување на цените и рекордно високо ниво на инфлацијата, власта се обидува да протурка закон кој во моментов, сметаат не е приоритет:

„Во овој момент асполутно не ни е потребен изборниот законик. Во овој момент ни се прироритени законите со предзнакот на ЕУ кои што пред се се економски закони и секако законите кои што се приоритетни за нашето члество во НАТО, а тоа се законите од мајскиот договор.“

изјавува Роза Топузовска Каровска од ЛДП. На обвинувањата од опозицијата ВМРО ДПМНЕ уверува дека Македонија ги исполнила условите за НАТО, и посочуваат дека економијата секогаш им била приротет, но вината за нефункционирањето на Собранието ја префрлаат во опозицијата:

„Тоа претставува само спроведување на тоа што е јасно и децидно напишано во Уставот.“

Но сметате ли дека гласањето на изборите е побитно, од расправа на теми во Собранието од областа на економијата?

„Доколку се има сенс овие закони многу бргу ќе поминат. Ако немаме опструкција од страна на опозицијата, тогаш ќе имаме продолжување на дискусиите.“


Изјавува пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО ДПМНЕ кој е поднесувач на законот. Опозицијата одговара:

„Власта упорно бега од овие теми, дали мисли дека со тоа ќе им се наруши рејтингот?“

истакнува пратеничката Каровска. Ниту во опозиционата ДУИ не се убедени дека власта е ангажирана подеднакво на сите закони во Собранието. Оттаму сметаат дека со поднесувањето на изборниот законик всушност ВМРО ДПМНЕ се подготвува за предвремени избори:

„Ние не прифаќаме измена на изборен законик со наметнувања или со еднострани решенија.“

Вели Азис Положани од оваа партија. Измените на изборниот закон за прв пат во Собранието од страна на власта беа поднесени во септември минатата година. Тогаш расправата беше прекината поради физичките пресметки мегу пратениците.
XS
SM
MD
LG