Достапни линкови

За дел од експертите не е можна војна, а дел предупредуваат на евентуални ризици


Македонската стручна јавност со различни толкувања на вчерашната изјава на посредникот во спорот со името, Нимиц кој предупреди дека ако не се најде решение мегу Скопје и Атина може да има сериозни последици за регионалната стабилност во контекст на косовското прашање. Професорот од воената академија Стојан Кузев вели дека оваа изјава на Нимиц не треба да се свати во контекст на идна војна:

„Безбедноста тој ја сваќа во нејзината поширока смисла, односно безбедност која што претставува збир на поголем број политики, дипломатска, економска, социјална и слично.“

Тој ја исклучува можнсота за евентуално регинално нарушуивање на безбедноста и доколку Македонија поради ветото од страна на Грција не влезе во НАТО:

„Од причини што таа во еден дел е веќе нарушена, притоа мислам на Косово и сега во овој момент на ниту еден фактор во меѓународната заедница не му одговара проширување на кризното подрачје во поширок регион од она што сега го има на Балканот.“

Со сосема спротивно толкување на предупредувањето на Нимиц е пратенкот и член на собраниската комисија за одбрана и безбедност Есад Рахиќ. Според него процената на медијаторот е дека состојбата во Косово нема бргу да се смири што ќе отвори можност за одредени политички и дуги групации да делуваат во насока на решавање на отворените национални прашања:

„Со тоа што Македонија евентуално доколку не прифати да го смени името, и доколку Грција стави вето, ќе се отвори еден празен простор каде што сите тие што така размислуваат ќе се обидат да сменат дел од констелацијата на силите во регионот.“

Рахиќ додава дека во случај на таков развој на настаните ситуација најмногу би ја користеле Албанците и Србите во регионов:

„Решавање да речеме, конечно на целокупното албанско прашање, сите албанци во една држава, обид на србите со помош на условно речено нивните сојузници, русите за враќање на Косово под српска контрола и слично.“

При минатадонеделната посета на Брисел ставот на шефот на државата Црвеснковски беше дека спорот со името во ниту еден случај не треба да се третира како безбедносно прашање.
XS
SM
MD
LG