Достапни линкови

Се очекува победа на Димитри Медведев


Русите низ единаесет часовни зони ќе излезат на изборите утре за да изберат нов претседател. Медиумската покриеност и претпазливото менаџирање на Кремљ кажуваат дека се исклучени секакви изнендувања. Димитри Медведев, првиот заменик премиер и шеф на државниот енергетски гигант Газпром ќе ги збрише другите кандидати. Актуелниот претседател Владимир Путин веќе посочи Медведев за свој наследник. За самиот Путин се очекува да ја преземе премиерската функција.

Тоа е крај на една ера во Русија, заминувањето на многу популарниот претседател Владимир Путин. Сите очекувања се дека Путин ќе остане многу влијателен член на владејачката елита.

„Драги пријатели. Ние сите сфаќаме колку е важна улогата на шефот на една држава како Русија. Затоа е важен секој ваш глас на втори март. Вие ќе гласате за иднината на Русија.“

рече Путин во вчерашното телевизиско обраќање. Медведев кој се очекува да освои седумдесет до осумдесет насто од гласовите го претставува сегашниот курс во руската политика. Има четириест и две години и е поранешен адвокат, а тесно соработувал со Путин низ целата негова кариера. Како и Путин и тој е роден и пораснал во вториот по голимина руски град Санкт Петерсбург. Поддржан од државната машинерија изборниот слоган на Медведев ,,Напред Русија,, изгледа моќно за привлекување на гласачите:

„Се надевам дека ќе ме поддржите за да можеме да продолжиме да работиме заедно во решавањето на задачите важни за општеството, но и за секој посебно. Знаме како да го правиме тоа.“

Изјави Медведев. Негови продивкандидати се: лидерот на комунистите Генадиј Зјуганов, кој смета на гласовите од носталгичарите по Советскиот сојуз. Се очекува тој да го освои второто место со петнаесет проценти од гласовите. Тука е лидерот на ултранационалистите Владимир Жириновски. Патем овие двајца се имаат кандидирано на сите досегашни избори. Како нов кандидат е шефот на вонпарламентарната Демократска партија на Русија Андреј Богданов. Има триесет и осум години, но и кариера како поранешен претставник за односи со јавноста на провладината партија Единствена Русија. Кандидатурите на двете проминетни фигури на опозицијата поранешниот премиер Михаил Касијанов и бившиот светски шаховски првак Гари Каспаров беа отфрлени од Изборната комисија. Алексеј Мукин, директор на независниот Центар за политичко информирање вели дека ќе треба уште многу време пред Русија да добие сериозна политичка опозиција:

„Ми изгледа оти се додека опозицијата не најде нови харизамтични лидери и се додека не се обедини во единствена идеолошка платформа, нејзината позиција ќе биде маргинализирана.“

Вели Мукин, кој од друга страна предвидува можен кофликт доколку Медведев стане претседател, а Путин премиер.

„Не би било поволно за Димитриј Медведев, бидејќи така власта ќе има два цнтри на моќ. Неодамна Медведев рече дека би требало да има еден претседател на Русија.“

Според Мукин, има нешто нелогично во намерите за таква поделба на власта во Русија.
XS
SM
MD
LG