Достапни линкови

Косовските власти бараат признавање, па демаркација, македонските упатуваат на планот на Ахтисари


Македонските власти засега без коментар на вчерашната изјава на косовскиот вицепремир Хајредин Куќи дека Македонија прво треба да ја признае независнота а потоа да бара одбележување на границата. Од владата и од минситервото за надворешни работи велат дека ке излезат со мислење откако косовкската влада ќе испрати официјален став до нив. Владиниот портпарол Ивиоца Боцевски и денеска ја повтори инфомрација дека на седницата одржана во понеделникот донесена е одлука владата да им се обрати на косовските инситуции:

„Со цел да отпочне процесот за формирање на комисија којашто ќе ја утврди граничната линија, според меѓународниот Договор од 2001 година, како и според динамиката предвидена во планот на Ахтисари.“

Планот на Ахтисари предвидува во рок од четири месеци од денот на прогласувањето на независнота да се форимираат комисии во кои покрај македонката и косовската страна ке има преставник и од мегунаридната заедница. Демаркацијата треба да се изврши во период од една година. Високи дипломатски извори во Скопје коментираат дека правно македонското барање е издржано затоа што една од точките во декларацијата за косовката независнот содржи дека планот на Ахтисари станува дел од правниот поредок на новиот северен сосед. Итсите извори велат дека Косово со тоа се обврзува да го почитува планот на финскиот дипломат кој покарј роковите прецизира и дека за границата нема да има преговори туку дека нејзината линија веќе е дефинирина со договорот од 2001 година кој е депониран во Обединетите нации. Но, дипломатските извори додаваат дека оваа реакција на властите во Приштина е чисто политичка и не може да се врзува со демаркацијата која е правно прашање. Нивната сугестија без отворање на голема јавна дебата нешите власти да стапат во контакт со меѓународните преставници во Приштина и од нив да побараат да се затвори ова прашање. Во меѓувреме на делот од нашата северна граница е мирно. Како што инфомираат од полицијата состојбата веќе извесен период се следи засилено:

„За сега нема индиции за поголеми придвижувања или било каква опасност од прелевање некакво на вооружени групи без разлика дали од оваа и таа страна на границата,“

вели портпаролот Иво Котевски.
XS
SM
MD
LG