Достапни линкови

За струјата на долг рок мора да се размислува економски, сметаат експертите


Или да увезуваме скапа струја или да правиме редукција на електрична енергија. Овие се двете алтернативи кои експертите ги гледаат како излез од енергетската криза во земјава. Според Ристо Ацковски долгогодишното неинвестирање во постојните капцитети за производство и погрешните проценки на надлежните институции, се главните причини за владината одлука за увоз на дополнителни
330 гигавати струја.

„Сегашната ситуација можеше да биде ублажена ако правилно се оценеа можностите за производство. Тоа не се направи од раководството на ЕЛЕМ, имаше погрешни проценки за нивните можности за производство и како резултат на тоа, тендерот кој се распиша беше нереално направен со помали количества од потребните.“

Во неможноста на водостојот во хидроцентралите да се произведе електрична енергија според предвидениот енергетски биланс, владата пак ја лоцира причината за недостигот од струја. На прашањето зошто надлежните не го процениле можниот недостиг од електрична енергија, од владата со одговор:

„Кога станува збор за водостојот на реките, тоа е во божји раце, ние не можеме да го контролираме времето и климатските промени, во моментов ситуацијата е таква каква што е и токму од овие причини се разбира се излезе со овој предлог.“

изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски

Од владата велат дека средствата за дополнителните количества увоз на струја ќе ги обезбеди електроенергетскиот преносен оператор, односно МЕПСО и токму тој ќе биде одговорен за постапката при изборот на најдобриот понудувач.
Експертите предупредуваат дека состојбата е алармантна. Во иднина не смееме да размислуваме за струјата како за социјална категорија, вели Ацковски.

„На долги патеки треба да се размислува економски. Значи струјата треба да има третман на стока, со своја цена.“

Во меѓувреме од владата потвдија дека веќе од сабота ќе почне да работи термоелектраната Неготино. Мазут има доволно, велат оттаму и покрај информациите во медиумите дека ОКТА се заканила да ја сопре испораката на мазут, поради тоа што ТЕЦ Неготино веќе и должи на ОКТА за мазутот што го користеше изминатите два месеца.
XS
SM
MD
LG