Достапни линкови

Економските експерти укажуваат дека начините на делување се преку монетарната и фискалната политика


Цената на нафтатата повторно е во пораст, а доларот пага во однос на еврото. По најавите дека истото може да се случи и со денарот портпаролот на министертвото за финасии Мартин Мартиновски тврди дека таков тренд не треба да очекуваме:

„Цената ако е 65 денари за едно евро, на 31.12.2008 ќе биде 61, 5%“

Во Македонија пак минатиот месец инфлацијата беше 9 отсо што е за три пати повеке од владината проекција. Мартиносвки вели дека народната банка и министерството за финасии во последната половина година одржуваат редовни состаноци и ја следат состојбата но не може да влијаат врз надворешните фактори. Она што може вели Мартиновски владата веке го презема преку намалувањето на неколку прехрамбени производи, безцарински увоз на рафиниринао масло и друго.
Сите движења однадвор покажуваат дека потсои инфлаторен притиоск,вели професорот од Правниот факултет Ванчо Узунов кој се согласува дека властите не можат многу да влијаат врз него:

„Владата неможе во Македонија да ги замзрзне цените, тоа би било многу ригорозно. Но, она што може да го направи е да делува преку монтераната и фискланата политика да ја ,,стегне,, потрошувачката во Македонија, за да не мора да дојде до раст. Можеби ќе дојде до пад на животниот стандард на граѓаните, но тоа е помала цена отколку да дојде до инфлација.“

Доколку дојде до тоа пак, Узунов смета дека ке треба целосно да се смени фискалната и монетранта политика на земјава.

„Во инфлација освен неколкумина кои што знаат како да постапуваат, сите останати граѓани губат, осиромашуваат. Наместо луѓето да гледаат да работат и како да заработуваат, тие гледаат како да го спасат тоа што го заработиле порано.“

И бизнимесните велат дека стравуваат од порастот на цените особено од најавеното покачување на електричната енергија.

„Во мај месец минатата година, електроенергијата учествуваше 19% во цената на чинење на готовиот производ, а сега тој изнесува 42%. Значи 42% на вкушната цена на чинење на бакарот е на сметка на електроенергијата.“
XS
SM
MD
LG