Достапни линкови

Било каква поделба би претставувало најлошо решение, велат косовските Срби


Претставници на косовските Срби кои живеат во централно Косово сметаат дека каква било поделба или фаворизирање на еден дел на Косово би претставувало најлошо решение. Тие предупредуваат дека во таков случај цената би ја платиле србите кои живеат јужно од реката Ибар. Косовските власти го повторуваат ставот дека за нив поделбата на Косово не претставува опција и оти ќе се залагаат за поголеми права на Србите.

Поделбата на Косово ќе преставува најлошото можно решение, бидејќи србите кои ќе останат јужно од реката Ибар ќе живеат во тешки услови и ќе бидат во нерамноправна положба, оценува Рангел Нојкиќ, еден од лидерите на косовските срби. Тој смета дека протестите на северот на Косово против независноста се демократско право, но оти не можат да влијаат врз развојот на настаните. Она што збунува, според него, е тоа што ни меѓународната заедница не била јасна во врск со прашањето на поделба на Косово:

„Во разговорите со претставници на меѓународната заедница кога баравме да ни обаснат дали ќе има некои разлики во животот меѓу северниот и централниот дел каде што живеат срби не добивавме одговор. Тоа значи дека сегашната состојба може да биде нешто како решение.“

вели Нојкиќ, додавајќи дека тоа наликува на поделба што е најлошо решение. Политичките аналитичари на Косово пак сметаат дека такво нешто не е можно и покрај тоа што српската страна постојано ја пропагира таквата опција. Илир Дуголи вели дека на протестите на србите било покажано дека и натаму во сила е нивниот стремеж за поделба.

„Косовските и меѓународните институции се подготвени да не толерираат каква било намера за поделба. Врз основа на досегашните реакции изгледа дека сериозно е сфатена заканата на србите на северот за таквата можност.“

Скептиците страхуваат дека прашањето на поделба не е сосема отфрлено, а тоа, според оценката на Нојкиќ, ќе значи и нерамноправна положба на србите. Решението се гледа во процесот на децентрализација:

„Тоа значи многу јасно дефинирање како ќе функционираат институциите на овие простори, како заедницата ќе се организира и како ќе се заштити. Тоа им дава можност на сите срби на цела територија на Косово да живеаат во исти услови.“

За унапредување на правата и за заштита на интересите на српската заедница, косовските власти се пивикуваат на планот на Марти Ахтисари, со кој, меѓу другото, се предвидува формирање српски општини на Косово. Исто така се предвидува србите да имаат посебни врски со Белград, која ќе се одвива преку владата на Косово. Србите овој план не го прифаќаат.
XS
SM
MD
LG