Достапни линкови

Македонија треба да бара што побрза демаркација, сугерираат експертите


Косовското собрание деновиве интензивно заседава и носи закони кои произлегуваат од планот на Ахтисари а приштинксите медиуми објавија дека ќе биде формирана мегународна управувачка група во која ке ченуваат земјите од контакт групата чија задача ќе биде да го надгледуваат спроведувањето на планот. Токму во него е предвидена и демаркацијата на границата со нашиот нов северен сосед. Дали веќе се формирани комисии кои работат на ова прашање и дали е воспоставен контакт со косовката страна од македонската влада на успеавме да дознаеме. Но, според поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чашуле државата треба да побара што побрзо да се случи тоа. Сега е моментот кога сите работат на планот на Ахтисари - вели тој:

„Не смееме подолго да чекаме, затоа што секое одолговлекување создава впечаток на наша колебливост и исто така на другата страна и дава време за консолидација и заради отпорите на Србија и Русија, евентуална ревизија на планот на Ахтисари.“

Погрешно е мислењето додава Чашуле дека комисиите треба да работат на демркацијата бидејќи како што вели границата веќе е признаена и депонирана во Обединетоте Нации. Според него претставниците на косовката и македонската страна треба да изрвшат само техничка работа:

„Да дојдат на местото каде што се котите на границата и да ги постават граничните камења, од наша страна ќе стои РМ, од другата страна, ќе видиме какво ќе биде името на државата кое треба да произлезе од страна на Ахтисари.“

Инаку, според планот на Ахтисари двете страни во рок од 120 дена од денот на независноста треба да формираат комисии кои ќе работат на демаркацијата, а таа треба да се изврши во период од една година од завршувањето на работата на комисиите. Во однос на признавањето на независнсота македонскиот државен врв вели дека ќе ги следи нашите национални интереси. Дел од домашните политичари велат дека е добро демракацијата да се случи пред признавањето:

„Подобро е тоа да се направи, затоа што теоретски Договор меѓу Македонија и Косово во овие околности би била добра порака за сите во регионот.“

вели поранешниот премиер Владо Бучковски.
XS
SM
MD
LG