Достапни линкови

Олеснување на соработката со косовскиот пазар, сметаат бизнисмените


Поради едностраното прогласување на незавинсот на Косово во сенка падна информацијата која дојде од Приштина дека тамошната влада планира да го реконструкцира автопатот Скопје-Приштина во делот на Косово. Македонската влада пак засега нема одвоени средства за реконструкција на автопататот од наша страна велат од министерството за транспорт и врски. Но, портпаролот Драган Симоновски вели дека е формирана работна група на преставници од двете страни кои во иднина ке ја разгледаат таквата можност:

„Тоа е идејата на мешовитата работна група да ги разгледа сите можности за подобрување на патната мрежа меѓу Македонија и Косово со тоа што сите можности ќе бидат разгледани и ќе се реализираат.“

Домашните бизнисмени кои извезуваат на косовскиот пазар сметаат дека реконструлцијата на патот би им ја олеснило соработката.

„Се случува да има повремено ,,загушување“ така што ако се смета автопатот да биде направен во два правци ќе биде многу подобро.“

вели Савка Димитрова директорка на фабриката за чоколади ЕВРОПА која голем дел од призводвтото пласира токму во Косово.Според неа обновениот автопат би им заштедил повеке пари на фирмите:

„Цената на транспортот ќе поевтини доколку сето тоа е многу поедноставно и многу побрзо се стигнува.“

сепак Димитрова додава дека големи проблеми во комуникација со протекторатот се човечкиот фактор и политиката:

„Па гужва на граница поради еден или друг проблем, не се пуштаат возила моментално, а сето тоа се бариери кои што си ги правиме сами.“

Во овој дел од Европа патиштата се стари и секој ваков потег би бил нов стимул за економијата вели економистот Маријан Николов:

„Во секој случај било каква инвестиција во инфраструкутра, посебно во застарена инфраструкутра би значело многу поголем импулс за економиите во западниот регион, особено кога ќе се работи на поврзување на две држави.“

Косово е еден од ретките примери каде што Македонија има поголем извоз од увоз. Аналитичарите очекуваат дека по независноста економската соработка ќе се интензивира.
XS
SM
MD
LG