Достапни линкови

Во клучни моменти за граѓаните на државата, имаме несериозна влада, оценка на експертите


Спектакл, вака пратеникот Веле Митановски од Новатасоцијал-демократска партија го објаснува преминувањето на околу 300 членови од НСДП во ВМРО-ДПМНЕ. Чинот на премминување од една партија на власт во друга, не зборува добро за намерите на моите сопартијци, посочува Митановски.

„Самиот аплауз на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кога Мирјана Секуловска објави излегување итн, говори за недоверба меѓу партнерите. Не се согласувам од време на време да покажуваме мускули, а да си ги црпиме благодетите од власта.“

Ваквите турбуленции можат да предизвикаат недоразбирања, па дури и криза во владината коалиција, посочува Митановски и додава дека нема да биде изненаден доколу продолжи тенденцијата на напуштање на оваа партија и преминување во друга:

„Може да се случи, но не вака масовно и не вака спектакуларно како што се направи вчера во Охрид.“

Паралелно со внатрешните ппревирања во НСДП, владата веќе подолго време функционира со министри во оставка. Од Демократската партија на Албанците чиишто членови поднесоа оставки кај лидерот Мендух Тачи, немаа коментар до кога оваа состојба ќе продолжи, но функционирањето на владата со седум министри во оставка, неможе да не предизвика последици оценуваат политичките аналитичари.

„Ова е припрема за предвремени избори, кои се неизбежни. Во клучни моменти за граѓаните на државата, имаме несериозна влада.“

вели проф. Имер Исмаили од Штуловиот универзитет.

Иако преминувањето на пратениците од една во друга партија не е формално забрането, тоа сепак зборува за лични интереси, а не за менување на политичката ориентација, велат од институтот за демократија.

„Овој период во кој се наоѓаме доведува до збивање на редовите на сите политички актери, гледаме не само во владината коалиција, туку и на релација власт – опозиција, бидејќи сепак е време да се донесат некои заеднички одлуки, така што јас би почекал со оценките да се врати политичкиот курс во нормала, па да видиме дали можеби ќе дојде до реконструкција, тоа само Груевски го знае,“

вели политикологот Ненад Марковиќ.

И додека од НСДП очекуваат стабилизирање на состојбата на претстојниот конгрес на партијата во март, политиколозите посочуваат дека евентуални предвремени избори се можни доколу следните истражувања на јавното мислење покажат висок рејтинг на владата.Доколу резултатите се неповолни, нема политичка логика и за таков чекор, велат тие.
XS
SM
MD
LG