Достапни линкови

Членот осум ја одрекува можноста за користење на терминот Македонски народ


Додека дипломатите во текот на вчерашниот ден укажуваа дека не смее во целост да се отфрли предлогот на Метју Нимиц и дека ако продолжи преговарачкиот процес има шанси да се избегне вето од Грција за македонското интегрирање во НАТО, грчкиот премиер Костас Караманлис категоричен – без решение за проблемот со името нема покана за Алијансата. По ова, македонските политичари велат дека мора да се најде компромис, да се покаже конструктивна позиција. Тие сметаат дека несомнено во игра е варијантата името или НАТО и дека затоа е потребна конструктивност:

„Ние треба не да купуваме време, туку да покажеме подготвеност дека до Самитот во Букурешт ќе остане оценката да се влезе во завршна рунда преговори со сериозна оценка дека тие може да звршат успешно,“

изјави Владо Бучковски, екс премиер.

Либералот Стојан Андов, кој има и дипломатско искуство вели:

„Ние да си го одбраниме идентитетот национален и да влеземе во НАТО. Само тоа е изборот – заедно.“

Стручната јавност сметак дека при градењето на став мора внимателно да се гледа на деловите од документот кој говорат за користење на зборовите Македонија и Македонски. Бучковски укажува што е она што треба да се прецизира:

„Што значи формулата ниту една од државите сама по себе, нема да има ексклузивни права, политички или економски врз името Македонија или Македонски.“

И професорот Љубомир Фрчковски се осврнува и го објаснува овој дел од документот:

„Значи дека и двете држави немаат ексклузивно право да го користат зборот Македонија, но не во смисла дека и двете држави дека и двете држави може да го користат слободно како сакаат, туку во смисла дека ниту една од државите не може да го користат тој термин самостојно. Што за нас, ни ја одрекува можноста да се викаме македонски народ, Мкаедонци, македонско државјанство.“

Бучковси и Фрчковски укажуваат дека ова е така бидејќи предологот оди и понатаму и вели дека Македонија и Македонски може да се употребуваат во економска смисла од двете страни. Значи, на пример, македонски може да се употребува за производи од двете страни, но не прецизира што со користење на термините, како македонски народ, македонско државјанство. За предлогот на Нимиц во овој дел Бучковски вели:

„Овде имаме едно ниво подолу во овој правец. Ние ја немаме децидната формулација од октомври 2005 каде што беше децидно ставено дека јазикот е македонски.“

Токму затоа, според нив, македонската страна мора да бара прецизирање на употребата на терминот Македонски, затоа што како што велат, на пример, во Советот на Европа Грците ја оспоруваат употребата на термините македонски народ, државјанин.
XS
SM
MD
LG