Достапни линкови

САД силно ги поддржуваат НАТО аспирациите на Македонија


Соединетите Држави целосно ги поддржуваат НАТО-аспирациите на вашата земја. Задоволни сме од напредокот што го постигнавте и ве охрабруваме посилно да работите на преостанатите задачи, изјави Џон Тенер, претседавач на шестчлената делегација на претставничкиот дом на Соединетите Држави која престојува во земјава.

„Сакавме да дојдеме и да ви кажеме дека сите ние во конгресот сме свесни дека вие во Македонија направивте голем прогрес и да ве охрабриме да продолжите понатаму со реформите.“

Запрашан за коментар по вчераѓшните протести во Србија и ситуацијата на Косово, Тенер рече

„Охрабрени сме што постои голем интерес кај многу земји од регионот да бидат дел од НАТО, пред се поради безбедносниот аспект. Секако тоа е долг пат, но мислиме дека Македонија може да биде лидер во овој регион. таа игра многу вредна и конструктивна улога обидувајќи се да ги избегне насилствата што ги видовме во овој дел од светот пред скоро 20 години. Не сакаме тоа да се повтори. И очекуваме дека стремежот на земјите од регионот да бидат дел од Алијансата ќе направи да се случат само добри работи, посочи Тенер.
Делегацијата на претставничкиот дом на Соединетите држави денеска се сретна со претседателот Бранко Црвенковски, со премиерот Никола Груевски, со генералот Мирослав Стојановски но и со македонските војници кои учествувале во мировните мисии во Босна и Херцеговина, во Авганистан и во Ирак.
Воопшто не е важен бројот на војниците коишто учествуваат во мировните мисии, туку нивната улога,“


рече Тенер.
XS
SM
MD
LG