Достапни линкови

Напредокот е евидентен, особено импресионира напредокот во политичката култура


Командантот на Сојузничката здружена команда во Неапол, Адмирал Марк Фиџералд оствари средба со вицепремиерот Зоран Ставревски. По средбата, адмиралот Фиџералд изјави дека е задоволен од спроведувањето на воените реформи и ја изрази поддршката за влез на Македонија во НАТО

„Имав успешен состанок со вашиот вицепремиер,на кој опширно разговаравме за реформите во одбраната.Јасно е дека имате постигнато голем напредок и би сакал вашиот ентузијазам да продолжи и во иднина.Исто така бев импресиониран од напредокот постигнат во однос на здравата политичка култура која е сега евидентна тука. Важно е да се признае прогресот и можам да ве уверам дека и понатаму ќе добивате целосна стручна поддршка од НАТО преку мојот штаб овде во скопје и мојот штаб во Неапол во напорите да ја постигнете вашата цел – прием во НАТО.“

Тој исто така истакна дека продолжува поддршката од НАТО за безбедно и сигурно опкружување во целиот балкански регион.

„НАТО потврди дека силите на КФОР ќе останат на Косово ќе предизвикаат чувствителност во регионот и би сакал да ја искористам оваа прилика да ги пттикнам сите инволвирани страни на максимална воздржаност и умереност.“

По средбата со Ставревски Фиџералд се сретна и со претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски.

Инаку веќе неколку дена македонскиот Министер за одбрана Лазар Еленовски престојува во Вашингтон. Ова посета е продолжување на транс-атлантскиот дијалог помеѓу земјите од А-3 групата - Македонија, Албанија и Хрватска , кој што започна по потпишувањето на Повелбата во 2003 година. Министрите за одбрана на трите земји остварија средби со секретарот за одбрана на САД, Роберт Гејтс, со кого разговараа за подготовките за членство во НАТО и за достигнувањата во доменот на вооружените сили неопходни за членството, за искуството од заедничкото учество на Здружениот медицински тим, заедничките вежби, учеството во мисијата ИСАФ во Авганистан и иднината на Јадранската група. На самитот кој ке се одржува во април годинава во Букурешт на кој ке се разговара за проширување на алијансата, Македонија, Хрватска и Албанија очекуваат покана за влез во НАТО.
XS
SM
MD
LG