Косовските политичари и правни стручњаци се уверени дека признавањето на независноста на Косово претставува последен чин на распаѓањето на поранешна Југославија. За нив тоа е историска одлука која повлекува линија меѓу сегашноста и иднината. Но, за некои српски политичари и аналитичари станува збор за почеток на крајот на Србија. Министерот во владата на Косово и историчар Енвер Хоџај смета дека со создавањето на новата држава конечно се променила политичката карта на Балканот и на Европа:
„Затворен е процесот што почна во деведесетите години. Тогаш постоеше држава која нејзините граѓани ја сметаа за насилна и во чии рамки беа водени војни меѓу различни народи.“
Од друга страна, Рада Трајковиќ, потпретседателка на Српскиот национален совет оценува дека со прогласувањето на независноста на Косово започнува распаѓањето на Србија:
„Ова не е крај на распаѓањето на Југославија, туку почеток на распадот на Србија и со оглед на страстите кои доминираат и кај србите и кај албанците ова сигурно не е крај.“
Вели Трајковиќ, додавајќи дека властите во Белград сега имаат одговорност кон нивниот народ што останува под контрола на меѓународните сили на Косово. Ставот на официјален Белград е никогаш да не го признае Косово, но некои аналитичари се на мислење дека тоа ќе го стори подоцна слично како што беше и со независноста на другите републики од поранешна Југославија. Белградската историчарка Љубинка Трговчевиќ смета дека одговорот на прашањето дали одвојувањето на Косово ќе биде последната карта во декомпонирањето на Балканот или не ќе зависи од брзината на евроатлантските интеграции на овој регион.
„Ако тоа не се случи во догледно време, можеме да очекуваме сепаратистички движења и на југот на Србија и во западна Македонија. Албанците слично како што и србите бараа да се обединат ќе бараат обединета албанска држава.“
Вели Трговчевиќ, додавајќи дека таквите барања ќе станат помалку важни, доколку се забрзаат процесите за интегрирање во Европа.