Достапни линкови

Презентиран нов предлог за името


Како што се најавуваше медијаторот Метју Нимиц на средбата со македонскиот и грчкиот преговарач, Никола Димитров и Адамантиос Василакис достави нов предлог за решавање на спорот со името.

„Јас се надевам дека нивните влади ке го разгледаат многу внимателно посебно затоа што станува збор за пакет и контекстот е важен за иднината на регионот и потоа пред мене ке презентираат, ќе ги кажат ставовите на ниовите влади.“

изјави Нимиц

Двајцата преговарачи не информираа за детали од предлогот. Димитров доцна вечерва се враќа во Скопје и според најавите веднаш ке се сретне со претставници на македонскиот врв.

„За жал не можам да изнесам детали, добивме предлог и веднаш ке го презентирам предлогот и знам дека македонското лидерство ке се фокусира со внимание на предлогот, ова е многу важен момент, ке го анализираме, ке ги разгледаме сите импликации и ке се заземе став“

изјави Димитров

Посредникот Нимиц не прецизираше кога ке биде следната средба и дали има временска рамка кога таа треба да се одржи. Тој додаде дека датумот на самитот на НАТО не е рок за изјаснување, односно дека одговорот за предлогот не е условен со тој термин

„Знаете јас сум медијатор од Обединетите нации не сум дел од НАТО процесот, но свесен сум за важноста на контекстот и важноста на процесот,“

изјави Нимиц

Тој објасни дека станува збор за предлог кој е компромисен и укажа дека има елементи како што рече тешки за двете страни и дека стопроцентно не е во согласност со интересите на двете страни, но дека е фер солуција.

На новинарите им се обрати и грчката шефица на дипломатијата која изјави дека за Атина е прифатливо сложено име кое ќе содржи како што рече географска дистинкција. Таа укажа дека приоритет за Грција е да постигне јасен, практичен и долготраен договор.
XS
SM
MD
LG