Достапни линкови

Граѓаните слободно ќе можат да престојуваат во соседната земја 90 дена во период од 6 месеци


Македонија и Албанија со безвизен режим, ова слeдува по денешното потпишување на спогодбата во Тирана од страна на Премиерите на двете земји Груевски и Бериша. Портпаролот на минитерството за надворешни работи Васко Андоновски објaснува дека граѓаните слободно ќе можат да престојуваат во соседната земја 90 дена во период од 6 месеци. Покрај ова додава тој, жителите на погранични региони кои живеат до 20 километри до границата ќе имаат поголеми привилегии:

„При што ќе бидат издавани специјални дозволи со кои ќе се преминува границата. Притоа предвидено освен на меѓународните премини да постојат и т.н. локални премини, кои дел од нив веќе постојат, а за другиот дел ќе се преговара и ќе бидат отворени.“

Алабија пак објаснува Андоносвки во септемсври минатата година го укина визниот режим кон Македонија со што нашите гаргани патуваат бесплатно во таа земја. Инаку месецов требаше да стапи во сила прмонета на процедурата за издавање на визи со која албаските држвјани место на граница требаа визи да вадат од македонската амбасада во Тирана. До оваа спогодба доага по бурната реакција во дел од македонската јавност која се противеше на ваквото решение. Во мегувреме тимови на Алабанија и Македонија работеа не надминување на проблемот:

„Имаше преговори во декември во Тирана, кои после продолжија во Скопје, некаде во почетокот на февруари, при што беше договорен тектот на оваа спогодба.“

објаснува Андоновски.
Градоначалникот на Струга кој тогаш твредеше дека тоа лошо ке се одрази врз туризмот и економсијата денеска ја поздравуваа оваа спогодба:

„Тоа ќе допринесе многу повеќе за зголемување на протокот на луѓе и за трговијата што за нас како пограничени региони, Струга и Охрид, тоа ќе биде одлично.“

Во однос пак на визниот систем кон Косово од македонското министертсво за надворешни работи велат дека немо сега да се зборува бидејки тоа ке зависи од нашето приближување кон унијата и усогласувењето на регулативата со еврсопакта.
XS
SM
MD
LG