Достапни линкови

Јеремиќ им нареди на српските амбасадори во земјите кои го признаа Косово да се вратат во Србија


Советот за безбедност на Обединетите Нации и по синоќешната седница остана поделен во врска со независноста на Косово и не донесе никакви заклучоци. Во Белград, парламентот на Србија ја усвои одлуката на Владата за поништување на косовската независност, а шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ им нареди на српските амбасадори во земјите кои го признаа Косово, веднаш да се вратат во Србија.

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун не се изјасни директно дали прогласувањето на косовската независност е легално, истакнувајки дека и натаму важи резолуцијата 1244.

УНМИК ќе продолжи да работи според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност како легална рамка за неговиот мандат во светлината на новите околности.

Српскиот претседател Борис Тадиќ повтори дека кососвката декларација за прогласување независност е кршење на меѓународното право и побара од Советот да ја понушти.

Доколку дозволите овој нелегален чин да стане реалност, ќе покажете дека во светот не мора да се почитуваат правото и правдата. Ќе покажете дека ова тело на Светската организација, за жал, го губи авторитетот. По овој чин, светот веќе нема да биде ист.

Советот за безбедност остана поделен, Соединетите Држави, Франција и Велика Британија, веќе го признаа Косово, додека Русија и Кина се изјаснија против. Во меѓувреме во Белград, српскиот парламент ја усвои одлуката на владата за поништување на косовската независност, како и за прогласување неважечка и одлуката на Европската Унија з аиспраќање мисија на Косово. Шефот на дипломатијата Вук Јеремиќ им нареди на српските амбасадори во земјите кои го признаа Косово, веднаш да се вратат во Србија. Во Приштина, пак, Косовскиот Парламент од денеска почнува со работа врз законите кои произлегуваат од планот на Марти Ахтисари за имплементирање на независноста.
XS
SM
MD
LG