Достапни линкови

Македонскиот јазик главно не се изучува во соседните земји со македонско малцинство


Шансите за зачувување на македонскиот јазик во соседните земји денес се поголеми и тоа се должи пред се на активностите на Македонците во тие земји да го зачуваат јазикот, преку нивните барања за негова употреба, како и за нивно изјаснување како Македонци во пописите на тие земји, вели доктор Снежана Веновска Антевска, од Институтот за македонски јазик која додава дека програмата треба да ги охрабри во таа насока и дека предвидува чекори со кои европската јавност треба да добие појасна слика за македонскиот јазик:

„Во рамките на годината на македонскиот јазик се определени конкретни теми. Една од нив, ќе биде и македонскиот јазик надвор од Македонија. За нас е многу важно што електронски ќе може да комуницираат и да дознаат за сето она што се работи тука.“

Денес имаме и активности на државата да им помогне на Македонците во соседните земји преку учебници и помагала, но пречка останува непризнавањето на македонското национално малцинство во дел од нив. Во Грција, каде не постои волја таа земја да го признае постоењето на Македонците како малцинство, јазикот е жив и тоа се должи на свесноста на луѓето за самите себе. Но, помладата генерација нема никаква можност да го учи и негува македонскиот јазик во образовниот систем, вели Павле Васкопулос од „Виножито“

„Македонија како држава добро е што се вклучува во проектот, но клучот на прашањето е Грција да се вклучи во проектот за почитување, признавање и воведување на малцинските јазици во образовниот систем. Македонците немаат апсолутно никаква можност да го унапредат македонскиот јазик.“

За разлика од Грција која не прифаќа воведување на јазикот во образовниот систем поради непризнавањето на македонското малцинство, во Албанија македонскииот јазик се изучува, но само во Мала Преспа:

„Моментално се одржува 20 насто од наставата на македонски јазик поради недостаток на учебници. Во другите региони кај што живеат Македонците таму воопшто не се изучува македонскиот јазик.“

Во програмата во која Македонија се вклучува во одбележувањето во годината на јазикот доаѓа откако УНЕСКО ја прогласи 2008-та за година на јазикот во светски рамки.
XS
SM
MD
LG