Косово во суштина ќе ја почне својата самостојна егзистенција како слаба држава. На делот од својата територија ќе има замрзнат конфликт, нема да биде признато од извесен број земји, нема да добие место во Обединетите нации и во другите меѓународни организации, ќе се бори со сериозните економски проблеми и со екстремната корупција. Ваква е оценката на американскиот аналитичар Гордон Бардош за ситуацијата во која ќе се најде Косово откако ќе прогласи независност. За можните настани во регионот пак тој вели:
„За жал, ситуацијата на Балканот ќе се влошува, барем краткорочно и среднорочно гледано. Има поголеми шанси кризата да се продлабочи, отколку да се намали. Косово ќе биде слаба држава. Од друга страна во Србија веќе ги гледаме последиците од косовската криза. Земјата се бори со премногу проблеми во исто време, така што политичкиот систем се распадна под нивниот товар.“
Вели аналитичарот Гордон Бардош, додавајќи дека кризата во српската влада е привремено одложена поради најавеното признавање на косовската независност и оти таа повторно ќе излезе на површина. Најважно, според него, е Западот да го продолжи унапредувањето на односите со Србија со цел таа да го задржи проевропскиот курс. Тоа ќе биде од големо значење и за другите земји во регионот, бидејќи, како што додава, најмногу проблеми се очекува во триаголникот Македонија, Косово, Албанија:
„Веројатно пред најсериозни проблеми и искушенија во регионот ќе се најде Македонија, во смисла на ефектите што косовската независност ќе ги има врз таа земја. Кризата ќе биде најдлабока во триаголникот Македонија, Косово, Албанија. Од фактот дека четворица, петмина полицајци се убиени во таа земја од септември лани изгледа прилично јасно дека некои сакаат да испровоцираат конфликт во Македонија.“
Наведува американскиот аналитичар Гордон Бардош, потенцирајќи го, како што вели, неговиот впечаток дека таквите проблеми само ќе се продлабочуваат откако Косово ќе прогласи независност.