Достапни линкови

Анти ракетниот штит во Европа закана за Русија, Москва ќе биде принудена да одговори


Рускиот претседател Владимир Путин на редовната годишна прес конференција во Москва повтори дека американските планови за инсталирање анти-ракетен штит во Централна Европа се закана за Русија и оти Москва ќе биде принудена да одговори. Путин сепак нагласи дека Русија не планира конфликт со Западот. Прес конференцијата започна со изнесување на статсистички податоци за економскиот бум на Русија во последниве години.

„2007-ма година беше успешна за нас. Економскиот раст, како што знаете, беше 8,1 насто, што е највисок процент во последниве години. “

Путин повтори и дека негов наследник на претседателската функција би требало да биде Дмитриј Медведев, а тој е подготвен да ја превземе премиерската функција. На прес конференцијата присуствуваа рекордни над илјада и 300 новинари.
XS
SM
MD
LG