Достапни линкови

Нема индиции за можни опасност по безбедноста на Македонија, соопштува МВР


По се погласните најави дека Косово еднострано ке прогласи независнот во недела од македнката полиција велат дека во првите денови не очекуваат безбеднси инцидентио кај нас но доколку тоа подоцна и се случи подготвени се да регаираат.Портапролот Иво Котевски вели дека во континуитет ја следат состојбата поврзана со критичните моменти кои би произлегле од прогласување на независнота на протекторатот

„Според информациите со коишто располагаме и информациите коишто ги разменуваме со останатите надлежни служби во Република Македонија индиции за некоја поголема безбедносна опасност по Република Македонија за сега нема.“

Посебни мерки во насока на безбедноста засега не презема ниту мегународната организација ОБСЕ.

„Мисијата на ОБСЕ овде во Скопје е во постојан контакт со мисијата на ОБСЕ во Приштина. Во моментов продолжуваме со набљудувачките активности во замјава во рамки на нашиот мандат.“

вели портаролот Сали Броутон.

Според поранешниот министер за вантрешни работи Павле Трајанов пак директно прелевање на евентуални инциденти од Косово кај нас неможе да има прес се заради присутвото на мегународниот фактор.Тој додава дека во таа насока е и самото едностано прогласување на ензависнот кое е во координација со странките сили

„Прво КФОР е тука. САД имаат своја база. Има убедување дека состојбата е под контрола.“

вели Трајнов и додава дека Македонија во периодов треба позасилено да инситира на демаркација на границата

„А, тој процес согласно планот на Ахтисари требаше да оди паралелно со активностите за прогласување независност на Косово. Очигледно дека се должи со одбележувањето на државната граница.“

Инаку и Србија во пресрет на 17 Февруари најавува свои активности и прогласување на вонредна сотојба. Проценките на нашите валсти и аналитичарите се дека реакциите на официјален Белград ке бидат од политички карактер и со нив не би се нарушила безбедноста.
XS
SM
MD
LG