Достапни линкови

Владата ја користи ЕУ како алиби, оценуваат експертите


Владата во последно време многу често ја користи Европската унија како алиби за спроведување на некои свои цели, коментираат аналитичарите во Македонија посебно по последните случувања, визите албанските граѓани да ги добиваат само во амбасадата во Тирана по што се постигна договор за безвижен режим меѓу Македонија и Албанија, потоа наводните барања на Унијата за зголемување на цените во фиксната телефонија. Сепак тие укажуваат тоа не е случај само сега.

Меѓународните претставници во земјава пак се категорични прашањето на визниот режим е билатерално прашање, а останатите барања или осумте критериуми се јасни и ке бидат презентирани од еврокомесарот Оли Рен во март, но тие не содржат ништо повеке од критериумите од Копенхаген, како и постигнатите договори во земјава охридскиот и оној од 29 мај. За спорот со името, додаваат тие, укажуваме само дека е прашање кое мора да се реши, но не и критериум.
Ова мислење го делат и аналитичарите

„Многу често, не само сега, туку и во последните 17 – 18 години, ЕУ се користи за алиби за спроведување на свои програмски и политички цели,“

вели Алберт Муслиу кој укажува дека Унијата бара исполнување критериуми, а не како на пример информациите дека европско барање е зголемување на цената на фиксната телефонија

„Покачување на цени не може ЕУ да бара, ЕУ секогаш се става на страна на потрошувачот и зголемената конкуренција,“

вели Муслиу.

Со ист став и аналитичарот Владимир Божиновски од Институот за демократија

„Унијата ќе се замара со фиксната телефонија во Македонија да се качела еден денар!? Унијата се замара и вели дајте конкуренција, а не вели да се качи цената.“

Владеачките гарнитури според него тоа го прават и поради страв да не ја изгубат власта, а се добива и впечаток дека дури и реформите се прават само ако тоа го бара од нас меѓународната зедница

„Добивам некое чувство дека реформа единствено може да се направи, без разлика на секторот, само ако некој тоа го бара од нас. Како да не сме способни да направиме некои реформи кои ќе ни користат нас.“

вели Божиновски.
XS
SM
MD
LG