Достапни линкови

Претставниците на партиите со различни приоритети за кои би требало да се разговара


На лидерската средба која ја закажа примерот Груевски за идниот понеделник партиите со различна агнеда на точки кои се приритетни за нив. Покрај законот за јазиците и за сататост на засегнатите во конфлкиот од 2001 година од ДУИ велта дека ке отворат уште неколку други прашања:

„Проблемот со законот за знамето и наша проекција за регулирање на функционирање на Уставниот суд. Можеби од наша страна ќе се отвори и тема за изборниот законик, промените кои што ги понудија двајца пратеници од ВМРО ДПМНЕ.“

вели пратеникот Џеват Адеми и додава дека не останало многу време за доближување на ставовите за законот за јазиците и борците на ОНА бидејки претходно се обрзале до 15 февруари да имаат изготвено нацрт закони кои ке будат доатвени до собранието:

„Чекаме сеуште од работните групи да излезат до заеднички предлог, па да видиме, можеби ќе ни олеснат.,,

Социјал демократите пак како шти вели потпреседателот на партијата Јани Макрадули деновиве ке ја прецизираат конкретна листа на закони кои ке ги стават на дневен ред во понеделник:

„Мислам дека лидерската средба треба да ги понуди приоритетите кои што од нас ги бара Европската Комисија, и да разговараме за европската агенда, а не да разговараме за ирационални предлози кои ни се појавуваат од страна на пратениците на ВМРП ДМНЕ.“

Од друга страна лидерот на новата социјал демократска партија Тито Петковски кој е коалицинен партнер на Груевски не ги подржува лидерските средби кои се одржуваат во клубот на пратениците Повикувајки се на извештаите на евроспката комисија во кој е наведено дека треба да јакне капацитот на институциите Петковски вели е неоходно дијалогот да се води во осбранието:

„Бидејќи неможат тука во Собранието по демократски пат да се договорат, ќе се соберат на едно место, а инситтуциите во овој случај Собранието треба да го одигра договореното. Тоа ги демотивира и пратениците и парламентарните партии.“

Последната лидерска сердба се одржа во втората половина на декември минатата година. Договореното пратениците го изглсаа на почетокот на годинава.
XS
SM
MD
LG