Достапни линкови

Инвеститорите ги набљудуваат берзите и слабеењето на доларот


Спектарот на глобалната криза се развива. Инвеститорите ги набљудуваат берзите и слабеењето на доларот. Меѓутоа за многу обични луѓе во светот клучно прашање се рекордните цени на храната, како маслото, млекото, месото при што прашањето е што е причината и кога сето тоа ќе запре.

Иако се се случува во исто време, велат дека нема директна врска меѓу хипотекарната криза во Америка и рапидниот пораст на цената на храната. Сепак некои работи се заеднички. Имено хиптекарната криза во Соединетите Држави покажа до кој степен е глобализиран светот и колку случувањата во една економија длабоко влијаат дрги места и тоа често на неочекувани начини. Да почнеме со цената на пченката која се удвои во последните две години. Причина велат беше планот на американскиот претседател Џорџ Буш, за производство на етанол како алтернатива на нафтата. Главен материјал за Етанлот е Пченката. Најголем производител со 70 насто е средниот запад на Соединетите Држави. Пченката од друга страна не се користи само за производство на брашно и леб туку е храна и за животните кои даваат месо и млеко. И уште нешто. Поголемото производство на пченката која се бара и за храна и за гориво значи помало производство на други култури. Во исто време земјите во развој, како Кина и Индија ја зголемија побарувачката и купувачите што се вели од Берлин до Бишкек се готови да платат повеке. Економскиот закон е едноставен вели Абдолреза Абасиан експерт на ФАО програмата за храна на Обединетите Нации.

“Комбинацијата на зголемената побарувачка и не адекватно снабдување и резерви резултира со сголемени цени на речиси сите земјоделски култури во светот. И тој тренд изгледа дека ке продолжи.“

Прашањето е каква е поврзаноста на цените на храната во Америка и можеби Европа и Азија со евентуалното економско забавување или рецесијата. Според Абасиан, тука работите се комплицираат.

„Економското забавување може да значи намалување на цената на нафтата, а тоа пак да го намали интересот за етанолот и биогоривата. Тоа пак ке значи намалување на цените на пченката и другите производи. Но ова е само една варијанта.“

Според другата, цените на храната ке останат високи и за време на рецесијата. Зошто. На пример, Кина ја намали побарувачката за железо, можеби поради глобалното економско забавување. Тоа значи е намален и кинескиот интерес за товарни бродови и за наемнината на овие бродови. Парадоксално тоа доведува до зголемување на цената на пченката, бидејки ниските наемнини ги охрабруваат купувачите да купуваат и трговуваат со материјални добра, мегу кои секако земјоделските производи. Она што потрошувачите можат да го очекуваат во следните години се, велат, драматчни промени на цените. Директорот на ФАО Жак Диуф додава дека цените на земјоделските производи ке останат виски поради климатските промени, очекувањата дека побарувачката за био горива ке продиолжи и растечката светска популација.
XS
SM
MD
LG