Достапни линкови

Дијалогот за укинување на визниот режим со ЕУ може да влијае на резултатите од изборите


Почетокот на дијалогот на експертско ниво, за укинување на визниот режим на Европската Унија за граѓаните на Србија, според стручњаците во Белград, може да има влијание врз резултатите од вториот круг на претседателските избори што ќе се одржи в недела. Тие и на мислење дека Србија ќе треба уште многу да направи за да влезе во таканаречената Бел шенгенски список.

Европската комисија на осумнаесетти овој месец реши да го започне дијалогот со Белград за визна либерализација откако, како што е соопштено, оценила дека доволно напредувале техичките подготовки во Србија во врска со ова прашање. Истовремено потпретседателот на Европската комисија Франко Фратини изјави дека граѓаните на Србија би можеле веќе во идната година да патуваат без визи во земјите членки на Унијата. Оптимизмот на Фратини звучи охрабрувачки, но пред Белград се уште стојат неколку важни услови што треба да бидат исполнети за да се ослободи од шенгенските визи. Сања Мрваљевиќ од владината канцеларија за евроинтегрирање прецизира дека тие услови ќе бидат поделени во неколку големи категории:

„Пред се безбедноста на документите, Србија веќе усвои закон за патни исправи. Во април треба да почнат да се издаваат нови пасоши. Ќе се разговара за илегалната миграција, вклучувајќи ја и реадмисијата. Тука е и сеопфатениот процес на реформи во правосудството, безбедноста.“

Јелица Милчиќ од Европскто движење во Србија пак смета дека почетокот на дијалогот меѓу Белград и Брисел за укинување на визите претставува значајна политичка порака до граѓаните на Србија:

„Во анкетите на граѓаните за нивниот однос спрема Европската унија околу четириесет насто од нив ја става слободата на движењето како второ прашање што ги асоцира на Унијата. Првото е подобар животен стандард.“

Вели Милчиќ. Почетокот на дијалогот доаѓа пред вториот круг од претседателските избори кој, според проценките на експертите, био можело да одреди дали Србија ќе тргне по патот на евроинтеграцијата или пак оној кој води кон изолација и кон еден партнер Русија.

„Морам да кажам дека таа втора страна не е ниту Русија. Интересот на Русија е силна и стабилна Србија во рамките на Европската унија. Нашето влегување во Европската унија, со добра соработка со Русија би бил врвен интерес и за Русија и за Србија. Сите оние што зборуваат поинаку ги мамат нашаите граѓани.“
Вели министерот за одбрана Драган Шутановац. Впрочем, последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека седумдесет и пет насто од граѓаните го поддржуваат членството на Србија во Европската Унија.
XS
SM
MD
LG