Достапни линкови

Владата работи според предвидената динамика, уверува владиниот портпарол


Внатрепартиските несогласувања главно не влијааат врз работата на владата и спроведување на програмата, односите мегу коалициските партнери се стабилни, вели владиниот портпарол Ивица Боцевски кој додава

„Владата е фокусирана на реализација на програмата за работа 2006-2010 и согласно планот и динамиката на работа се одвиваат работите.“

Претставници на ВМРО-ДПМНЕ велат дека внатрепартиските случувања во ДПА и НСДП се прашање на самите партии се додека тоа не се одрази на односите во коалицијата, а сега тоа не е случај.

Од ДПА оценуваат дека има ретки несогласување со НСДП, но дека не се сериозни за да ја нарушат работата на владата

„Мислам дека се стабилно. Од време на време има некои ретки препукувања, како што е запознаена јавноста, особено со НСДП од принципиелен аспект,“

изјави Гариб Каба од ДПА.

Лидерот на НСДП, Тито Петковски во интервјуто за радио Слободна Европа говори за фундаментални разлики

„Јас и господинот Тачи се разликуваме по одделни прашања, особено фундаментални прашања од државен интерес. Често пати тие наши ставови се доведуваат во конфликт на јавна сцена.“

Од партијата засега не говорат за внатрепартиските несогласувања посебно помегу пртаеникот Иван Анастасовски и министерот за одбрана Лазар Еленовски.

По повлекувањето на функционирите од ДПА што следеше со одлуката на лидерот Мендух Тачи, од партијата најавуваат дека решенние ќе се најде до крајот на неделата. Оттаму велат дека неочекуваат незадоволство од оние кои ке бидат повлечени од функциите и дека се почитуваат одлуките на раководните органи на партијата:

„Во ДПА, како една од најстарите партии во државата, секогаш демократски се настапува, мислам дека нема да има проблеми и недоразбирања,“

изјави Каба.
XS
SM
MD
LG