Достапни линкови

Косово ќе остане мирно пред и по објавувањето на независност


Косовските власти и УНМИК и КФОР се уверени дека Косово ќе остане мирно пред и по објавувањето независност. Од друга страна, одделни политички претставници предупредуваат дека по таквиот чин би можело да дојде до помали инциднети, но не и до поголеми судири.

Многумина на Косово страхуваат дека во периодот на најавеното прогласување независност би можело да дојде до меѓуетнички насилства. Тоа, според косовските власти и тамошните меѓународни мисии, нема да се случи:

„Косово сега има свој безбедносен план, заедно со Обединетите нации и НАТО со кој се грантира територијалниот интегритет на Косово.“

Изјави косовскиот премиер Хашим Тачи по средбата командантот на КФОР Ксавие Марнак и со шефот на УНМИК Јоаким Рикер.

„Имаме апсолутна согласност дека заедно ќе обезбедиме наредните неколку недели и месеци да бидат мирни и стабилни.“

Оцени Рикер. Во КФОР прецизираат дека се било подготвено адекватно да се одговори на секоја активност што ќе јазгрози безбедноста:

„Ситуацијата е мирна и стабилна, но знаеме дека работите на Косово можат брзо да се сменат. Не очекуваме големи проблеми, бидејќи знаеме дека повеќето луѓе се уморни од насилство.“

Вели портпаролот на КФОР Бернард Боно, додавајќи дека луѓето само сакаат да знаат каков ќе биде статусот и да живеат во мир. Сепак, тој додава дека КФОР посебно ги следи екстремистите кои, како што вели, би можело да ја нарушат мирната ситуација. И кај албанците и србите на Косово владее страхување дека во моментот на прогласување на независноста може да дојде до помали инциденти, но не и до отворени судири.

„Безбедноста ќе биде многу кревка и реално може да се очекува реакција на радикалните сили на србите од Косово или од Србија.“

Смета Наим Маљоку, пратеник и експерт за безбедносни прашања. На став дека се можни инциденти е и претставникот на косвските срби Оливер Ивановиќ кој пак, додава дека нив би можело да ги испровоцираат албанците:

„Може да има спорадични инциденти, но не очекувам тоа да биде нешто сериозно. Може да се случи албанците во нивната еуфорија и славење да ја загрозат безбедноста на србите.“

Вели Ивановиќ, кој повторува дека овој пат, за разлика од порано, е мала опасноста од големи судири. И тој и Маљоку се на мислење дека безбедносните структури се на подготвени брзо да реагираат на секое нарушување на безбедноста на Косово.
XS
SM
MD
LG