Достапни линкови

Властите сакаат да ги замолчат студентите кои ги критикуваат мерките на владата


Универзитетите во Техеран и другите ирански градови, според извештаите, преземале дисциплински мерки против околу 60 студенти пред парламентарните избори во март. Во меѓувреме, 20 студенти остануваат затворени во Техеран по протестите на денот на одбележувањето на иранскиот студентски ден.

Во последниве недели покренати се дисциплински мерки против 60-тина студенти на неколку универзтети во Иран. Но, студентите велат дека нема да бидат застрашени и дека ќе продолжат со протестите за демократски промени. Амин е Назари, лидерот на Асоцијацијата на исламски студенти на Универзитетот Хамадан изјави дека најновите мерки вклучуваат четири члена на асоцијацијата кои биле суспендирани од универзитетот, а шестмина останати добиле официјaлано предупредување. Назари вели дека студентите веруваат дека властите сакаат да ги замолчат студентите кои ги критикуваат мерките на владата:

„Како што се приближуваат изборите, властите сакаат да ги замолчат групите кои ги критикуваат за да може да организираат изборно шоу кај народот.“

Салман Јазданпанах кој се нарекува про демократски студент е привремено исклучен од Универзитетот во Техеран. Тој вели дека властите го обвинуваат за навреда на вработените во универзитетот и учество во недозволени демонстрации. Јазданпанах вели дека никогаш не навредил вработен во универзитетот:

„Јас бев казнет во врска со други активности на универзитетот, со материјалите кои ги напишавме во нашата пулбикација и за учество во демонстрациите. Во мојата одбрана напишав дека ниту еден од вработените во универзитетот никогаш не ми кажал дека сум го навредил. Обвинувањата против мене се грешни.“

Дисциплинските мерки доаѓаат по апсењата на најмалку 20 левичарски студенти во Техеран и во други градови во декември. Повеќето од нив сеуште се наоѓаат во затворот Евин, во посебниот дел кој е контролиран од Иранското министерство за разузнавање. Според претставници на безбедносните сили се работи за студенти бунтовници и на членовите на нивните семејства им е речено дека нивните деца работеле против националната безбедност. Како и да е, против затворените студенти не е покренато обвинение. Нивните родители и роднини протестираа против апсењето и бараа од водачите на Иран, и од Обединетите Нации во Техеран да помогнат во нивното ослободување. И покрај ветувањата од судските официјални претставници на родителите не им е дозволено да ги посетат нивните затворени деца. Според студентот Амин Е Назари студентските активности ќе продолжат и покрај апсењата и казните од властите:

„Никој повеќе не се плаши од дисциплинските комитети и затворите. По сите тие мерки дали универзитетите станаа потивки? Всушност, се случува спротивното. Универзитетите станаа поодлучни, а како што вели еден студент пријател, по апсењата и суспендирањата на нашите колеги, очигледно е дека не смееме да молчиме.“
XS
SM
MD
LG