Достапни линкови

Потребно е силно здружение кое ќе застане во одбрана на новинарската фела


Закани, притисоци уцени, тужби, тепање, притвор сите овие мерки се почесто се применуваат врз македонските новинари со цел да се замолчат.
Покрај ова новинарската фела се соочува и со економски, но и проблеми од професионален карактер. Ситуацијата ни малку не изгледа така розова.
Од една стрна младите кадри се обидуваат да наметнат свои стандарди и норми во новинарството, од друга страна на искусните „волци“ главна преокупација им стана борбата со своите „босови“ кои пак за неуспехот постојано прстот го вперуваат кон своите луѓе:

„Не се виновни само тие кои што ги прават притисоците. Виновни се и самите новинири или пак луѓето кои што се на таа позиција за да ги примат притисоците. Ако јас не дозволам, или пак кажам НЕ за одредена работа, не постои сила која што може да го помести моето мислење или да ме натера да ја изманипулирам јавноста. Не смееме повеќе да ја гледаме вината за состојбата во новинарството во други луѓе.“

Кажа директорот на македонскиот институт за медиуми Жанета Трајковска. Новинарството е високо ризична професија која за жал се повеќе ја девалвират од одредени структири на кои не им одговара да се всоочат со седмата сила, оценува поранешниот претседател на радиодифузија Љубомир Јакимовски:

„Тоа е професија во која што треба да важат и принципите на професионалната солидарност.“

Хајката што постојано некои моќници ја водат против новинарските пера, мора конечно да престане, а за тоа е потребно и силно здружение кое во вистинска смисла на зборот ќе застане во одбрана на новинарската фела:

„Ако имаме активно и добро здружение кое што не само одреден број, туку огромен број новинари ќе го почитуваат и ќе партиципираат таму тоа значи дека ќе има можност и моќ новинарската фела да застане против сопствениците, директорити, економските, политичките притисоци и да постави критериуми под кои нема да оди.“

„Многу подобро професионално и синдикално да се организираат. Новнинарите припаѓаат на една групација во која што се печатарите и некои други со кои што тие објективно немаат речиси никакви допирни точки.“


Едиствени се во своите стaвови Трајковска и Јакимовски. Во последниве неколку години против новинарите поднесени се околу 150 кривични пријави за клевета и навреда. Двајца експресно беа осудени и казнети парично. Додека низ судниците сеуште се водат судските процеси против десеттина новинари.
XS
SM
MD
LG