Достапни линкови

Популизам или економски исплатлива мерка?


Минатата година владата предвреме ги отплати кредитите од Мегународниот монетарен фонд, Парискиот клуб, делови од долгот кон Светската банка и Европсктата инвестицона банка. Вчера пак од светската банка зема заем од 175 милиони долари кои треба да се потрошат годинава најголем дел од нив за инфраструктурни проекти. Според професорот на Штуловиот Универзитет Абдулменаф Беџети за да се види дали има финансиска оправдност новиот кредот треба да се види конкретно под кои услови е земен а под кои се вратени претходните долгови:

„Дали од политичко економски еспект е оправдано, тоа е веќе друга работа. Сепак, испадна дека правиме потези повеќе популистички во економијата, отколку реални, коишто се очекуваат за реформи.“

Од друга страна додава Беџети немаше потреба од нов кредит бидејки државата пред крајот на минатата година имаше вишок средства кои ги трошеше набрзина:

„Дека немаше неопходност за кредит говори фактот дека последните 20 дена пред истекот на годината, државата требаше да потроши 45 милиони евра набрзина, тие средства требаше да бидат наменети за инфраструктурни проекти, од типот на енергетика, патна инфраструктура и слично.“

Професорот од Европскиот Универзитет Зоран Иваносвки со спротивно мислење. Добро е што владата ги врати кредитите кон другите меѓународни финансиски интситуции и се задолжи кај Светската банка оценува тој:

„Доколку имате кредити како земја кон Парискиот клуб, ММФ или други странски институции се работи за пазарни кредити, значи каматните стапки се повисоки. Кредитите кои ги земаат земјите од Светската банка зависи во која програма се, може да имате разни програми за стопански развој, оттука не може да станува збор за високи каматни стапки.“

Ивановски обајснува дека целта на светската банка е да им помага на земјите во развој и не дава кредити доколку државата нема добри проекти

„Кредитите од Светска Банка се од програмата за помош на земјите во развој. Значи, Светската банка има главна задача да помага во побрз развој на помалку развиените земји.“

Во наредните 4 години како што изајви вчера директораката во светскаба банка Џејн Армитиџ за Македонија се предвидени заеми од 220 милиони долари кои можат да бидат зголемени за уште 60 милиони.
XS
SM
MD
LG