Достапни линкови

Дали Бадинтер е можен само во политичките институции или и во Уставниот суд?


Додека Уставниот суд функционира без три судии од деветте предвидени, од ДУИ барање и во оваа институција одлуките да се донесуваат со бадентеровото правило. Причина за ова нивно барање е одлукта на Судот за користење на знамињата на припадниците на заедниците, кога заминаа двајца уставни судии македонски албанци поради фактот дека се надгласани.

Во ДУИ сметаат дека не е доволно што има судии од припадниците на заедниците, бидејки тоа не е гаранција дека ке се заштитат нивните права, ке се надмине надгласувањето посебно кога судот по иницијативи одлучува за правни акти донесени со бадентеровото правило, кои се однесуваат на културниот идентитет на заедниците во македонија

„Останува отворен ризикот во иднина сите закони коишто во Собранието ќе се гласаат со Бадинтер да бидат поништувани во Уставниот суд,“

изјави Ермира Мехмети од ДУИ

Експертите со поделени мислења. Според некои бадентервото о правило за гласање е воведено со цел да се да се заштитат припадниците на заедниците од надгласување и неговата употреба е сосема оправдана и во Уставниот суд:

„Ако тоа се применува во Собранието во Владата, зошто не би се применило и во Уставниот суд?“

изјави правниот експерт Мерсим Положани кој укажува на кој начин може да се воведе ова правило при одлучување во Уставниот суд

„Треба да се интервенира дури и во Уставот.“

Засега тоа не е можно, вели Татјана Каракамишева од Правниот факултет во Скопје. Таа укажува дека бадентеровиот начин на гласање е правило што се користи само во политичките институции, но не и правните:

„Како што се поставени работите, како што го толкуваат правниците, Бадинтеровиот принцип е можен само во политичките институции, таму каде што имаме политички начин на одлучување.“

Според неа бадентеровото правило ке биде можно само доколку се отвори прашањето за реформа на Уставниот суд, па тоа да биде само едно од прашањата што ќе се прецизираат и во тој случај може да се отвори ова прашање

„Бадинтеровиот принцип би требало да се разгледа како можност, само доколку имаме реформа на Уставниот суд, може да се оди на реформа и на неговите надлежности, проширување на неговите надлежности, па да може да се одлучува на пример за сите човекови слободи и права,“

изјави Каракамишва.
XS
SM
MD
LG