Достапни линкови

Граѓаните ќе добијат брз интернет и можни се пониски цени во фиксната телефонија, велат експертите


По добивањето на Вај Макс лиценцата за цела Македонија, засилено течат подготовките за лансирање на оваа технологија на територијата на целата држава. Зоран Хаџивелков професор на Електротехничкиот факултет во Скопје објаснува дека оваа технологија нуди многу повеќе можности за разлика од другите бежични мрежи и дека со употребата на Вај макс мрежата може да дојде и до намалување на цените на фиксната телефонија:

„Обезбедува поголема покриенот исто така и различни видови сообраќај и се очекува преку нив многу бргу преку нив да оди и интернет телефонијата со што се очекува да се постигне извесна конкуренција во фиксната телефонија и да паднат цените во тој дел.“

вели Хаџивелков. Според Биљана Трајковска маркетинг менаџер во Некском Вај Макс како технологија е многу исплатлива, бидејќи како што вели таа, за инсталација на оваа технологија не се потребни кабли:

„Вај Максот како нова технологија е многу исплатилива, бидејќи таа е бежична технологија работи на базни станици што овозможува брзина во имплемнтацијата значи нема потреба од копање, и брзо се имплементира. На нас провајдерите ќе ни овозможи да понудиме поквалитетни и поевтини услуги.“

вели Трајковска и посочува дека оваа услуга ќе можат да ја користат сите граѓани за многу пристапна цена:

„Она што е нашата цел е секој граѓанин да може да си овозможи во својот дом да има или интернет или телефонија и тие цени ќе бидат многу поконкурентни од оние цени што сега ги има на пазарот.“

Вај макс е технологија што овозможува брз интернет и фиксна телефонија, а начинот на пренесување на сигналот е сличен како и кај мобилната телефонија, преку базни станици.
XS
SM
MD
LG