Достапни линкови

Дали светот е пред глобална рецесија?


Светските берзи покажаа извесно смирување на падот на акциите по одлуката на Американските федерални резерви за намалување на каматите во обид американската економија да ја избегне рецесијата. ММФ поздравувајки ја оваа одлука сепак предупреди дека намалувањето на економскиот пораст во светот годинава изгледа дека е неизбежно. Светска бизнис, финансиска и политичка елита пак во Давос денеска ги започнува средбите во рамките на Светски Економски форум соочувајки се, според стравувањата на многумина, со најголемата финансиска криза по Втората Светска Војна.

Европските и азиските берзи денеска покажаа опоравување по драматичниот пад на акциите како последица на стравот од рецесија на американската економија. И Американските берзи иако синоќа беа затворени со пад на поголемиот број берзански индекси, сепак падот беше помал од очекуваниот поради итното намалување на каматите од страна на Федералните резерви со што е намалена загриженоста на инвеститорите. Меѓународниот монетарен фонд ја поздрави одлуката на Американските Федерални Резерви да ја намалат каматата од 4,25 на 3,50 проценти во обид американската економија да не влезе во рецесија. ММФ, сепак предупреди дека намалувањето на економскиот пораст во светот оваа година изгледа дека е сепак неизбежно. Проблемот е сериозен смета и Андерс Аслунд директор на Институтот во Стокхолм.

„Јас сметам дека ова веројатно ќе биде рецесија, Може да се рече дека времињата беа премногу добри и тоа предолго. Некогаш мора да дојде до ова.“

Светската бизнис, финансиска и политичка елита во Давос пак денеска ги започнува средбите во рамките на традиционалниот Светски Економски форму соочувајки се, според стравувањата на многумина, со најголемата финансиска криза по Втората Светска Војна. Сепак, кратењето на каматите од страна на Американските федерални резерви, се смета дека ќе го смири тонот на состаноците. Од друга страна ако има рецесија тоа влијае привремено на на намалувањето на цената на нафтата, моментално од 100 на 88 долари за барел, и се смета дека ќе го ко ги погоди ќарот на земјите производители. Што е тоа што ке ги засегне локалните економии во Русија, Централна Азија, па и Источна Европа. Аслунд вели инфлацијата е таа што треба да се стави под контрола.

„Инфлационата криза која ја гледаме во целиот регион е резултат на крајот на бумот. Многу земји ќе мораат да ги затегнат нивните фискални политики со цел инфлацијата да се стави под контрола.“

И колку сето ова ке трае, според директорот на Стокхолмскиот институт за Источно европските економии.

„Веројатно не многу долго. Генералните очекувања се дека ќе имама кратка и остра рецесија. Од 6 до 9 месеци. И веројатно ќе изгледа полошо отколку што ефектите ке бидат на крајот.“
XS
SM
MD
LG