Достапни линкови

И НАТО има интерес за членство на Македонија, оценка на аналитичарите


Македонија денеска пред претставниците на земјите членки на НАТО со аргументи за напредокот во политичкиот консензус за постигнување на реформите во повеке области

„Целокупниот реформски процес во Република Македонија. Сеопфатните економски реформи, потоа реформите во правосудството, имплементацијата на Охридскиот рамковен договор како и се разбира системот којшто Република Македонија го прави за привлекување на странски директни инвестиции, а секако нема да биде заборавен и посебниот придонес и посебниот успех во одбранбените и безбедносните реформи,“

изјави владиниот портпарол Ивица Боцевски

Од опозицијата велат Македонија има со што да се пофали посебно во делот на одбраната, но не и политичкиот, тука ни преостануваат уште многу обврски, работа на нивна реализација:

„Во областа на судството имаме значаен исчекот, но сепак и тука мислам дека треба она што е донесено во вид на закони треба да биде во целост имплементирано. И борбата со корупцијата во никој случај не смее да биде селективна и секако да немаме кршење на човековите права, што е многу сериозна забелешка, “

изјави Роза Топузовска Каревска од опозициската либералдемократска партија. Според неа сепак македонија треба да добие датум и смета дека Алијансата треба да ги има во предвид и околностите како косовското прашање

„Очекувам дека и она малку што е направено во Брисел ќе се прифати позитивно.“

И аналитичарите укажуваат дека политичарите пред се треба да продолжат да работат на спроведување на превземените обврски, но дека поканата за членство не треба да изостане поради тоа.

„Јас мислам дека интересот е взаемен. И НАТО има интерес трите земји да бидат дел од НАТО структурата,“

изјави аналитичарот Мерсел Билјали

Она што и преостанува на Македонија да го исполни, а што беше јасно укажано од претставниците на мегународната заедница дека треба да се случи до февруари, е и решавање на прашањата за употреба на јазиците, како и статустот на борците на поранешна ОНА.
XS
SM
MD
LG