Достапни линкови

Нови моменти нема, ставовите на Грција познати од поодамна


По вчерашната изјава на македонскиот преговарач Никола Димитров во спорот за името дека има нов момент, Грција најавува пречка за македонското евроатлантско интегрирање и под референцата БЈРМ, политичарите во земјава велат не е ништо ново, Грција говорела за тоа и досега:

„Јас не би го толкувал тоа како нов момент, тоа е теза која веќе подолго време трае.“
„На вчерашните преговори според мене немаше ништо ново и се повторија ставовите,“


изјавија Благој Зашов од владеачката НСДП и Андреј Жерновски од оппзициската ЛДП.

Според Зашов евентуалните најави дека и ако добиеме покана за членство во НАТО под референцата БЈРМ, а понатаму се бара промена на името од Грција, бидејки во тамошниот парламент ќе треба да се ратификува договорот, не се подготвување на македонската јавност за ново име, туку повеќе заплашување:

„Не е подтовување на македонската јавност, а заплашување може да биде. Грција е силна и во НАТО и во ЕУ, не само заради нејзината политика, туку и заради политиката на другите да не се замерат со една земја членка.“

Ситуации што оставаат впечаток на заплашување и подготвување на македонската јавност зачествуваат поради проценките на Грција, бидејки нејзина позиција е спорот да се реши до самитот на Алијансата, а американската страна бара поинаков пристап, или двете страни да продолжат да бараат решение додека спогодбата за македонското членство не стигне во парламентот на Грција

„Грција доколку се согласи на вакво нешто под притисок на САД ќе бара гаранции, имено ќе бара условување на приемот до решавање на проблемот. Оттаму, веројатно е да се очекува дека ќе биде направена таа комбинација за да се даде на македонската јавност, на македонската страна, време да го подготви својот народ за некакво компромисно решение со некакви минимални отстапки кон другата страна,“

изјави професор Денко Малевски

Во случај на употреба на вето дури и кога станува збор за референцата БЈРМ, речиси сите во земјава се согласни дека за Македонија тоа е кршење на Времената спогодба и ќе треба да се истапи од неа, затоа што согласно со овој договор Грција нема право да ја попречува земјава во евроатлантското интегрирање:

„Ако навистина се употреби вето, тогаш тоа значи дека Македонија според договорот има право да ги напушти преговорите,“

вели Жерновски.
XS
SM
MD
LG