Достапни линкови

Да не се наметнуваат ставови туку да се најде прифатливо решение, изјави Адамантиос Василакис


Да се обидеме да најдеме решение без да се наметнуваат ставови кое ќе биде прифатливо за двете страни, изјави во Скопје грчкиот преговарач за името Адамантиос Василакис пред утрешната средба за разликите за уставното име што се одржува во Охрид:

„Грчката влада направи гигантски чекор од позициите од минатото и се надевам дека вашето раководство ќе го консолидира тоа позитивно, бидејќи тоа е важно за мирниот соживотот во регионот. Се надеваме дека по оваа средба во Охрид ќе имаме средба и во Атина и ќе најдеме решение кое е позитивно и за двете страни.“

рече Василакис кој додаде:

„Важно е за двете страни да не се наметнуваат гледишта туку да се најде прифатливо решение, притоа оставајќи ја историјата зад нас.“

По подолго време новата рунда преговори се одржува надвор од Светската Организација во Њујорк односно во земјите кои се директни учесници во спорот. Домаќин на средбата во Охрид е министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој ќе има поздравно обраќање, по што ќе следат разговорите меѓу македонскиот и грчкиот преговарач Димитров и Василакис во присуство на посредникот Метју Нимиц, кој доаѓа во Скопје вечерва. Позициите на земјава не се променети, прашањето за името е билатерално и како такво треба да се решава во процесот почнат во ОН. До средбата во Охрид доаѓа во момент кога Македонија очекува покана за членство во НАТО, поради што големо внимание се посветува на спорот со името.
XS
SM
MD
LG