Достапни линкови

Владата треба да размислува и за намалување на придонесите за осигурување на вработените, велат тие


Добар чекор на владата е намалувањето на персоналниот данок и данокот на доход од 15 на 10 насто, оценуваат бизнисмените. Но, сепак тие потенцираат дека особено важно за нив е да се намалат придонесите за осигурување кои што ги плакаат за вработените. Бизнисменот Зоре Темелковски вели дека давачките се многу високи:

„Давачките за плата како што се огромни, треба да се мисли за нивно намалување и тие треба да бидат намалени меѓу 40 и 50%.“

Според Темелковски токму овие давачки се една од причините за високата стапка на невработеност бидејки сопствениците треба да одвојат многу пари за да ги пријават вработените:

„Главниот проблем е што има застој во вработувањето и нема зголемеини проценти на пораст, а тоа незнам зошто не го преземаат како прва фаза. Можеби беше финансиската дисциплина прва фаза.“

Логична е забелешка на биснимените затоа што овој проблем се провлекува веке одамна, вели професор на американскиот колеџ во Скопје. Тој објаснува дека особено проблематично за работодавачите е што законот ги обврзува да плакаат социјални давачки за стопанскта гранка во која што работат без разлика колакава плата им исплакаат на работниците:

„Нормално дека поголем дел од тие социјални давачки ќе се намали, како товар за работодавачите. Ќе се намали што исто така е битно нивната потреба да ескивираат плаќање на социјални давачки, посебно уплата за пензиски фонд, за здравствено осигурување. Некоја практика што беше присутна во минатото и на тој начин ги тераше фирмите да навлегуваат сакајќи или несакајќи во зоната на сивата економија.“

Досегашното намалување на даноците пак според Горги Тренев директор во винарска визба особено е погодно за фирми кои што ја инвестираат добивката:

„Очекуваме и понатамошно намалување, ните тоа го користиме имаме доста инвестиции. Така да за фирми што се ориентирани кон инвестции на профитот, тоа е за поздравување.“

И професорот Неновски со став дека овие чекори ќе влијаат позитивно врз подобрувањето на биснис климата за домашните инвеститори:

„Сигурно дека ќе има позитивна рефлексија врз финансиското работење на фирмите. Меѓутоа и во поглед на нивните натамошни инвестции, активности во поглед на вработување на населението.“

објаснува Неновски.
XS
SM
MD
LG