Достапни линкови

11 припадници на АРМ загинаа при уривање на хеликоптер


Сите 11 припадници на македонската Армија што се превезуваа со хеликоптерот „Ми 17“ кој што се урна кај катланско Блаце се загинати. Хеликоптерот „Ми 17“ се враќал од мисијата „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Засега нема информации за причините за несреќата.
Телата на сите загинати се пронајдени, а седум се веќе идентификувани. Хеликоптерот се урнал на педесетина метри од првите селски куќи и нема цивилни жртви.
На местото на несреќата пристигнаа претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.
Владата попладнево одржува итна седница на која се очекува да присуствува и началникот на Генералштабот на АРМ Мирослав Стојановски.
XS
SM
MD
LG